Twinning Project MK11 IB FI 01

 

Twinning Project MK11 IB FI 01

 “Strengthening the medium term budgeting for effective public financial management”

Основни информации:

 

Име на проектот: „Зајакнување на среднорочното буџетирање за ефикасно управување со јавните финансии“

Корисник: Министерство за финансии, Сектор за буџети и фондови

Имплементиран од: ХАУС Фински институт за јавен менаџмент

Период на имплементација: 01 Декември 2015 – 20 Ноември 2017

Вредност: 1.100.000,00 ЕУР

Проектот е финансиран од Европската Унија, преку Националната ИПА Програма ТАИБ 2011

 

Краток опис:

Главна цел на твининг проектот ,,Зајакнување на среднорочното буџетирање за ефикасно управување со јавните финансии,, е да обезбеди одржливост на јавните финансии и нивно поефикасно управување. Активностите во рамки на овој проект ќе бидат насочени кон утврдување на програмска класификација на расходите, зајакнување на капацитетите за среднорочно планирање и известување согласно методолоијата ESA, а сè со цел унапредување на квалитетот на јавните расходи.

Компоненти:

  • Компонента 1: Понатамошно зајакнување на програмското буџетирање – Оваа компонента се очекува да резултира со подобрена програмска класификација и развиени процедури за дефинирање, мониторинг и известување на програмските индикатори.
  • Компонента 2: Подобрено среднорочно буџетирање – Оваа компонента ќе резултира со подобрен капацитет на Секторот за Буџет и фондови и на пилот буџетските корисници за среднорочни фискални проекции и развивање на среднорочна рамка на расходи.
  • Компонента 3: Подобрено фискално известување – Оваа компонента ќе резултира со развиен капацитет на Министерство за финансии за фискално известување во согласност со стандардите на ЕУ и барањата во областа на јавните финансии.

Експерти од Финска, Словенија, Австрија и Холандија ќе соработуваат со експерти од Министерство за финансии во бројни активности кои се планирани со временската рамка на проектот. Покрај Секторот за буџети и фондови, соработка ќе се оствари и со Секторот за трезор, Секторот за даночна и царинска политика, Секторот за макроекономија и Секторот за меѓународни финансиски односи и управување со јавен долг во Министерство за финансии, како и Управата за јавни приходи и Државниот завод за статистика.

 

За дополнителни информации:

Постојан твининг советник Г-а Јонна Бергхал

jonna.berghall@finance.gov.mk

Соработник на постојаниот твининг советник, Г-дин Мартин Новески

martin.noveski@finance.gov.mk

Асистент на проектот Г-а Катерина Димовска

katerina.dimovska@finance.gov.mk

 

Активност 0.1 почетна конференција ИЗВЕШТАЈ

Квартални информации за периодот од декември 2015 – февруари 2016 година

Кратко резиме од Извештајот 1.1

Квартални информации за периодот од март 2016 – мај 2016 година

Квартални информации за периодот од јуни 2016 – август 2016 година

Кратко резиме од Извештајот 2.1

Квартални информации за периодот од септември 2016 – декември 2016 година

Обука за среднорочна буџетска реформа одржана во Струга

Квартални информации декември 2016 – февруари 2017

Прирачник за среднорочна буџетска рамка и среднорочна рамка на расходи

Квартални информации март 2017 – мај 2017

Прирачник за програмско буџетирање

Прирачник за среднорочна буџетска рамка

Квартални информации_Јуни – Август 2017

Брошура за достигнувањата на проектот

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Comments are closed.