Во„Сонцето“предводено од СДСМ,„аспиринот“е заведен под името „Коалиција за Европа“. Овој лек ја лекува болката „Влез во НАТО“ за само 6 месеци. Исто така „лекот“ ја третира и болката „Европа на дланка“ за период што ќе не’ изненади.
Во„Сонцето“предводено од СДСМ,„аспиринот“е заведен под името „Коалиција за Европа“. Овој лек ја лекува болката „Влез во НАТО“ за само 6 месеци. Исто така „лекот“ ја третира и болката „Европа на дланка“ за период што ќе не’ изненади. Да не зборуваме како само овој лек ќе влијае на болките во земјоделството, економијата, образованието, севкупниот амбиент
Сонцето симболизира светлина, топлина, живот. Изгрејсонцето симболизира надеж. Зајдисонцето симболизира завршување на еден циклус и почнување нов. Кога коалицијата со псевдоним „Сонце“ го обелодени своето постоење, се сетив на уште една симболика на сонцето. Тоа беше симболиката на филмот „Изгорени од сонцето“, со кој Никита Михалков доби „Оскар“ во 1994 година. Во овој филм, сонцето беше симбол на Сталин. Вербата во тоа сонце и во неговите лаги носеше лоша иднина, а светлината на животот згасна во темните агли на работниот логор познат како гулаг. Во тие гулази, низ принудна работа од исцрпеност, глад, студ и болести, животот го загубија преку дваесет милиони Руси. Сите тие беа прогласени за непријатели на државата само заради тоа што не го сакаа уништувањето на сопствениот народ, а сакаа подобар и подостоинствен живот. Сите нив ги изгоре лажното Сталиново сонце.Во гулагот, кога некој ќе се разболел, единствен лек што служел за лекување бил „аспиринот“. Со „аспирин“ се лекувало се’, и настинка и туберкулоза и рак. Кога ќе дошол човек што истовремено имал две болки, на пример глава и стомак, апчето „аспирин“ се кршело на два дела, па едната половина била лек за главата, а другата за стомакот. Со таа терапија болниот за кратко време умирал. Влечејќи паралела помеѓу сдсмовското и Сталиновото сонце, зачудува колку методата на лекување со „аспирин“ се совпаѓа. Во „Сонцето“ предводено од СДСМ, „аспиринот“ е заведен под името „Коалиција за Европа“. Овој лек ја лекува болката „Влез во НАТО“ за само 6 месеци. Исто така „лекот“ ја третира и болката „Европа на дланка“ за период што ќе не’ изненади. Да не зборуваме како само овој лек ќе влијае на болките во земјоделството, економијата, образованието, севкупниот амбиент. Впрочем, тоа тие добро и го покажаа и докажаа во целиот период додека беа на власт. Земјоделството го уништија, економијата ја доведоа до претсмртна агонија, образованието го уназадија, а сите морални и духовни вредности беа испревртени наопаку. Оние што крадеа и ги пустошеа фабриките, беа нарекувани „успешни“, или „се снашле во транзицијата“, наспроти сите ние што со чесна и макотрпна работа настојувавме да обезбедиме егзистенција за себе и за сопствените семејства. За нив немаше криминал ниту во „Бачило 1“, ниту во „Бачило 2“, ниту во сите други бачила што ги создадоа. На Македонија и’ беше потребна коренита преродба. Пред две години настапивме со програмата „Преродба во 100 чекори“, програма со која првпат една политичка партија настапи пред граѓаните со стотици конкретни проекти, со конкретни рокови и конкретна одговорност за нивна реализација. Премиерот ги повика сите квалитетни и образовани млади луѓе да се вклучат во преродбата, а неколку Македонци што живееја и работеа во странство станаа дел од владиниот тим. Тие млади луѓе не беа оптоварени од своето минато и не должеа никому ништо, што овозможи реформите да се реализираат бескомпромисно, токму така како што беа ветени. Реализирајќи ја програмата во целост, постепено почнавме да ја менуваме реалноста во Македонија на подобро. Затоа, денес можеме слободно да се прошетаме меѓу народот, секому да му погледнеме в очи, со секого да седнеме и да размениме мислење и да почувствуваме како од народот сме почитувани за она што досега го сторивме.Она што е најважно, се врати довербата меѓу луѓето. Доверба дека сите политичари не се исти и реален оптимизам дека чекор по чекор, со доследно исполнување на програмата „Преродба во 100 чекори“, животот може да биде подобар. Во економијата се остварија највисока стапка на економски пораст од над 5 отсто, најголем износ на домашни и странски инвестиции, највисок пораст на извозот од 40 отсто. Најголемото признание за подобрување на бизнис-климата стигна од Светската банка, која ја рангираше Македонија на 4. место во светот според реформите за бизнис-амбиентот за 2007/2008 година. Македонија доби најниски даноци во Европа, а домашните бизнисмени беа целосно ослободени од плаќање данок на реинвестираната добивка. Првпат во 17 години државата им подаде рака на земјоделците. Беа обезбедени големи субвенции, сигурен откуп и пласман на земјоделските производи и евтини кредитни средства. Првпат по толку време се врати надежта кај македонскиот земјоделец, се врати вербата дека животот на село може да биде подостоинствен. Младите луѓе во Македонија се’ повеќе зборуваат за компјутери и учење странски јазици, наместо за дрога, алкохол и другите пороци. Секој пензионер доби покачување од 1.200 денари месечно, а воедно значајно беа поевтинети лековите што ги користат. По долги години, почна да се подобрува и стандардот на лекарите, учителите, социјалните работници, културните работници и државната администрација, чии плати беа зголемени. Тоа е реален начин на враќање на средната класа во Република Македонија, наспроти декларативниот кој го слушаме од СДСМ, партијата што всушност ја уништи средната класа. Сите граѓани на Република Македонија треба на претстојните избори јасно да знаат за што гласаат.
Бизнисмените знаат дека со ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат ниски даноци од 10 отсто, ослободување од данок на реинвестираната добивка и намалување на придонесите од плата за една третина. Со СДСМ добиваат зголемување на персоналниот данок од 10 отсто на 15 отсто.Земјоделците знаат дека со ВМРО-ДПМНЕ добиваат 460 милиони евра субвенции до 2012 година и 4 големи откупни центри во Струмица, Росоман, Гевгелија, Богданци и Ресен, како и многу други помали откупни центри низ Македонија. Во програмата на СДСМ освен декларативна изјава за зголемување на субвенциите, нема ниту една единствена бројка. Веројатно, Владата на СДСМ субвенциите за земјоделците ќе ги врати на ниво од само 5-6 милиони евра годишно. Пензионерите знаат дека со ВМРО-ДПМНЕ добија покачување на пензиите во просек за 15 отсто, а најниските пензии веќе се зголемија за 20 отсто. Зголемувањето ќе продолжи и во следните две години, со што најниските пензии ќе остварат вкупен пораст од 30 отсто во однос на нивото од 2007 година, а кај останатите категории на пензии вкупното зголемување ќе се движи меѓу 20 и 30 отсто. Наспроти тоа, во програмата на СДСМ нема ниту една бројка или процент за покачување на пензиите. Значи ли тоа дека СДСМ нема да ги покачува пензиите или можеби дури и ќе го поништи реализираното зголемување на пензиите од страна на ВМРО-ДПМНЕ, слично како што пред неколку години им ги закина 8-те отсто на пензионерите.Учителите, лекарите, социјалните и културните работници и државната администрација знаат дека добија зголемување на платите од 10 отсто во октомври 2007 година и ќе добијат уште две гарантирани зголемувања од по 10 отсто во октомври 2008 и во октомври 2009 година, или кумулативно порастот на платите ќе изнесува 34 отсто. Во програмата на СДСМ, воопшто нема ветувања за зголемување на платите на просветните, културните, социјалните, здравствените работници и администрацијата.ВМРО-ДПМНЕ веќе ги зголеми средствата за образование од 3,3 на 5,9 отсто од БДП, а СДСМ во својата програма најавува дека допрва ќе ги зголеми на 5 отсто. Навистина е нејасно што планира оваа политичка опција со македонското образование ако планира да ги намалува средствата од 5,9 отсто на 5 отсто. Конечно, со ВМРО-ДПМНЕ на секој граѓанин во Република Македонија, му е јасно дека членството во ЕУ и во НАТО останува врвен приоритет и дека се исполнети сите услови за укинување на шенген-визите за македонските граѓани, што е сосема извесно дека ќе се случи веќе од почетокот на 2009 година. Исто така, во „Преродбата во 100 чекори“, јасно е дефинирана црвената линија за решавање на спорот со Грција. Од друга страна, сосема е нејасно каде е црвената линија за СДСМ, или можеби вистинското прашање е: дали воопшто СДСМ има црвена линија?
Зоран Ставрески