Министерството за финансии денеска ја издаде десеттата емисија на обврзници за денационализација во вкупен износ од 11 милиони евра. Со неа се опфатени сите решенија за денационализација кои станале правосилни до крајот на минатата година, кои се надоместуваат со обврзници.
 
На сопствениците на обврзниците, соопшти Министерството за финансии, Централниот депозитар за хартии од вредност на домашна адреса ќе им достави известување за личниот износ на емитувани обврзници.
 
Вредноста на сите десет емисии со кои се обештетуваат граѓаните, изнесува 293 милиони евра.
 
– Обврзниците за денационализација пред рокот за нивното достасување, граѓаните може да ги користат за купување акции и удели на претпријатијата кои ги поседува државата, за акции и удели на претпријатијата кои се резервирани за поранешните сопственици согласно Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал, плакање на побарувања пренесени со закон на Агенцијата на Република Македонија за управување со средства, за купување државен имот кој е понуден за продажба и за чиј откуп е предвидена можност за плаќање со обврзници, за купување акции и удели на државен капитал во процесот на негова приватизација, за плакање надомест за концесија на државен имот, за купување или плаќање закуп на државен имот,како и за плаќање обврски кои произлегуваат од Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација и друг еквивалент на сопственост определен со закон, појаснува Министерството за финансии.(МИА)