Во врска со обуката за вршење осигурително брокерски работи спроведена во периодот од 2 до 13 февруари 2009 година, Министерството за финансии ги информира учесниците на обуката кои го положиле испитот за осигурителен брокер (согласно објавениот Конечен Список на кандидати кои го положиле испитот за осигурителен брокер објав
Во врска со обуката за вршење осигурително брокерски работи спроведена во периодот од 2 до 13 февруари 2009 година, Министерството за финансии ги информира учесниците на обуката кои го положиле испитот за осигурителен брокер (согласно објавениот Конечен Список на кандидати кои го положиле испитот за осигурителен брокер објавен на веб страната на Министерството за финансии), дека Уверенијата за положен испит може да се подгинат во Министерството за финансии (Зграда на ЕВН, VII кат, сала за состаноци) во следните термини:
– 04.06.2009 година (четврток) од 10 до 12 часот;
– 08.06.2009 година (понеделник) од 10 до 12 часот;
– 09.06.2009 година (вторник) од 10 до 12 часот; и
– 10.06.2009 година (среда) од 10до 12 часот.
Напоменуваме дека за добивање лиценца за осигурителен брокер од министерот за финансии, лицето треба да ги исполнува следните услови:
• да има положено стручен испит за осигурителен брокер (да има уверение за положен испит);
• да има најмалку една година искуство од областа на осигурувањето или посредување во осигурувањето;
• да го познава македонскиот јазик и неговото кирилско писмо;
• да не му е изречена казна затвор за кривично дело против јавните финансии, против платниот промет и стопанството, против службената должност или против правниот сообраќај;
• да не му е изречена забрана за вршење професија, дејност или должност и
• да не извршувало функција на лице со посебни права и одговорности во друштво за осигурување или друго правно лице над кое е отворена стечајна постапка.