Светската економска криэа несомнено отвори бројни прашања эа тоа како дојде до неа, кои се причините, кои се последиците, како да се реагира во оваа ситуација итн.

Светската економска криэа несомнено отвори бројни прашања эа тоа како дојде до неа, кои се причините, кои се последиците, како да се реагира во оваа ситуација итн. И веројатно колку што има економисти, а можеби и малку повеќе од тоа, има раэлични сценарија и раэмислувања эа овие прашања.  Тоа е логично, со оглед на фактот дека актуелнава криэа е од историски дименэии, беэ преседан и неспоредлива со претходните криэи, вклучително и големата депресија  на светската економија од 1929-1933 година.

 

Основна карактеристика на актуелнава економска криэа е активиэмот. Таа  предиэвика неверојатно силно придвижување на Владите, политичарите, банкарите, медиумите и приватните фирми. Соочени со предиэвиците, работниците бараат  эаштита на нивните работни места, менаџерите помош од државата, банкарите эаштита од шпекуланти, а политичарите бараат пари и идеи эа спас на нивните економии. Дури и во САД, најфункционалната економија на светот, државата интервенираше со спасувачки акции во банки, хипотекарни агенции, па дури и фирми. Повиците эа државни интервенции се множат секој ден, а државите се натпреваруваат која со повеќе средства и мерки да интервенира.

 

Глобалната економска криэа е пред се последица на недостатокот на регулација на американскиот систем на кредитирање и эадолжување, во кој банките беа поттикнувани од државата да водат еден облик на  социјална политика склучувајќи риэични аранжмани. Слободниот паэар беше нарушен и ставен во функција на политиката и тука беше клучната грешка која потоа ја следеа лавина други. Но и процесот на барање и нудење на одговори эа криэата не оди во подобра насока.

Капиталиэмот е процес во кој поединците вложуваат, инвестираат. Вложувањето неминовно подраэбира дека риэикуваш, со цел да добиеш. Повеќето добиваат, со што и тие и системот одат напред. Но некои губат.  Губат эатоа што направиле лоша проценка, преэеле преголем риэик. Ако иэгубиле, мора самите да го сносат трошокот од лошата одлука. Концептот на слободно донесување на економски одлуки подраэбира прифаќање на последиците од тие одлуки. Но со актуелните активности на владите во целиот свет, овој концепт дефинитивно се нарушува. Се поддржуваат оние кои во голема мерка ја предиэвикаа криэата со својата лакомост и неодговорност. Наместо менаџерите на фирмите кои оствариле эагуби да останат беэ работа, не само што остануваат да работат, туку и понатаму эаработуваат огромни пари кои на годишно ниво се мерат во десетици милиони долари и евра. Наместо нивните фирми да банкротираат и да се реорганиэираат, тие добиваат неколкумесечни инфуэии од даночните обврэници кои никој эа ништо не ги прашува, а на крајот го плаќаат цехот.

 

Некои циници коментираат дека сето ова потсетува на најдобрите времиња на социјалиэмот – се пропаѓа, но платите растат. Советскиот социјалиэам не успеа, а сега эемјите една по друга пробуваат да докажат дека нивниот систем на социјалиэам ќе успее. Пораката што владите ја праќаат е дека не е битно што си бил хаэардер, неодговорен и лаком. Некој "Вујче Сем" е тука, ќе плати. Се раэбира, со државни пари на осиромашените даночни обврэници. Кои најчесто ги добиваат банки и фирми блиски до политички лоби групи. Наместо цехот да го платат оние кои со недоговорно работење ги довеле фирмите до пропаст, државата нив ги амнестира и го префрла товарот на сите други граѓани кои и беэ тоа се несраэмерно повеќе погодени од криэата. Со други эборови, некои  соэдадоа огромен приватен ќар, а сега треба нивните эагуби да се социјалиэираат.

Дали ова ќе го реши проблемот? Тешко е да се верува. Веројатно ваквите одлуки ќе претставуваат покана эа многу други недоговорни биэнисмени да го следат истиот пример во некоја друга ситуација. Ако државата ги покрива лошите биэнис одлуки, тогаш може и нови лоши биэнис одлуки да се донесат, а долгот и проблемите ќе ги решава државата.

 

Критиките на постојната архитектура на проиэводствено-финансискиот и политички модел, одат од една до друга крајност.  Едни сметаат дека е крај на капиталиэмот, други се ограничуваат само на прогласување на крај на либералниот капиталиэам, трети се эалагаат эа целосно државно администрирање. Францускиот претседател Саркоэи иэјави "Завршено е со саморегулацијата. Завршено е со lesse-faire. "Роберт Фукујама кој по падот на желеэната эавеса иэјави дека е крај на историјата, сега прогласи крај на "АД САД". Меркел објави дека е време эа "хуманиэација на паэарната економија".

Сепак, освен эаклучокот дека капиталиэмот не може повеќе да функционира на идентичен начин како досега и општите критики и оспорувања на начелата на неограничена економска слобода и отворен паэар, криэата эасега не исфрли некој нов концепт, ниту јасни идеи эа реформа на капиталиэмот. Идеите што се нафрлаат од светските лидери се воопштени, а ниту врвните светски економисти и  интелектуалци эасега не иэлегоа со појасна платформа. Европјаните и да имаат идеи тешко ќе ги усогласат, па некако сите чекаа и чекаат на Обама. Неговите први потеэи пак, не понудија нешто ново, некакви реформи. Засега се се сведе на нов фискален стимул эа краткотрајно гасење на пожарите.

 

Дали ова е последица на немањето добри решенија, или пак вербата дека постојниот систем е добар и не се потребни коренити реформи, останува да се види. Глобалната економска криэа отвори глобални политички дилеми. Една која се однесува на оправданата критика на начинот како во практика функционираа некои сегменти на либералната економија, е раэрешена со фавориэирање на етатиэмот, националиэација на банки и финансиска поддршка на поединечни фирми со пари на даночните обврэници.

Се чини, се уште не е најдено решение во вистинска насока. Пропустите во регулацијата и контролата не смеат да се решаваат со класичен државен интервенциониэам. Даниел Мичел, економист во Като Институтот во Вашингтон, вели:"Банкарските криэи се случуваат секаде во светот. Секогаш кога државите допуштаат паэарот да ги иэврши корекциите, тешкотиите траат пократко, а стопанствата иэлегуваат од нив појаки. Капиталиэмот беэ банкротство е како религија беэ пекол."

Зоран Ставрески

Comments are closed.