- Објавени се извештаи за извршувањето на Буџетот по буџетски корисници на месечна основа https://www.finance.gov.mk/mk/node/693
- Се објавуваат и извештаи за извршувањето на Буџетите на општините на квартална основа https://www.finance.gov.mk/mk/node/898
- Се објавува квартален извештај за извршување на Буџетот на општата Влада https://www.finance.gov.mk/mk/node/898
- Подобрен е Полугодишниот извештај за извршување на Буџетот на РМ и тој за првпат содржи детални податоци за сите буџетски корисници https://www.finance.gov.mk/mk/node/898
- Објавени се сите доспеани и неплатени обврски со пресечен датум 31 мај на сите буџетски корисници, јавни претпријатија и општини https://www.finance.gov.mk/mk/node/6972
- За првпат од независноста на Р. Македонија беа објавени податоци за распределбата на доходот на граѓаните, врз основа на податоци на УЈП https://www.finance.gov.mk/mk/neednakvost
- Објавен е „Граѓански буџет“ врз основа на податоците од Ребалансот на Буџетот за 2017 година https://www.finance.gov.mk/mk/node/6597#overlay-context=
- Објавен е и „Граѓански буџет“ врз основа на податоци за Предлог-буџетот. Исто така изработени се и „Граѓански буџети“ од страна на сите министерства за нивните поединечни буџети https://www.finance.gov.mk/mk/node/6597#overlay-context=
- За првпат од независноста на Македонија, Министерството за финансии организира јавна дебата за Буџетот и тоа пред истиот да влезе во владина постапка. На дебатата присуствуваа невладиниот сектор, експертската јавност, коморите, синдикатите, како и претставници од меѓународните финансиски партнери на РМ https://www.finance.gov.mk/mk/node/6781
- Направени се законски измени со кои се воведе обврска сите буџетски корисници и јавни претпријатија своите завршни сметки да ги објавуваат на своите веб-страници и да бидат достапни за јавноста https://www.finance.gov.mk/mk/node/6973
- Се наметна обврска до буџетските корисници и јавните претпријатија сите договори за јавни набавки и анекси да ги објавуваат на електронскиот систем за јавни набавки – e-nabavki и со тоа истите се достапни до јавноста https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/ConcessionAnnouncements/
- Во насока на отворање на податоците Бирото за јавни набавки ја направи јавно достапна платформата Отворени Податоци на веб страницата е-Набавки https://www.e-nabavki.gov.mk/opendata-announcements.aspx#/home
- Одржани се јавни дебати за текстот на новиот Предлог-закон за јавни набавки https://www.finance.gov.mk/mk/node/7051 , https://www.finance.gov.mk/mk/node/7064
- Веб-страницата на Министерството за финансии е сменета со цел полесен пристап до извештаи и информации за јавноста. Сега сите податоци се достапни и во ексел формат.