Министерството за финансии исплати 93,5 милиони денари субвенции за презимено пчелно семејство на 2.632 пчелари.

Финансиската поддршка за презимено пчелно семејство изнесува 600 денари по пчелно семејство.

Исплатени се субвенции на земјоделци кои одгледуваат пчели низ цела територија на Република Македонија.

Владата со редовна исплата на субвенциите за земјоделците останува доследна во поддршката на земјоделството како една од носечките гранки на македонското стопанство.

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.