Министерството за финансии денес продаде 6-месечни државни записи со девизна клаузула во износ од 1.500.000.000 денари, со каматна стапка од 5 отсто.Во текот на шестгодишниот развој на пазарот на државни хартии од вредност во Република Македонија, ова претставува историски најниската каматна стапка реализирана на аукциите на 6-месечни државни записи. Од воведување на инструментите со девизна клаузула, каматната стапка е намалена за 50 базични поени.

&nbsp

Беа понудени државни записи во вредност од 1.500.000.000 денари, додека побарувачката изнесуваше 1.717.030.000 денари.

&nbsp

Утре достасуваат за отплата 6-месечни државни записи во вредност од 1.500.000.000 денари, односно нема ново задолжување на државата, туку сервисирање на постојните обврски по основ на претходно емитувани записи.

&nbsp

Министерството за финансии ги реализира најавите за намалување на каматната стапка на државните записи, како и за намалување на износот на задолжување, што воедно претставува и исполнување на барањата на бизнис заедницата. Ова е секако позитивен сигнал за намалување на каматна стапка во економијата и поддршка за стопанството, кој веруваме ќе биде следен и од другите надлежни институции.

Comments are closed.