27 декември 2016, Скопје, ТВ Нова – Доколку се анализираат параметрите од првите три квартали, ние континуирано имаме стапки на раст што се движат некаде над 2,5 отсто. Во просек за првите три квартали, просечната вредност на економскиот раст е 2,7%, изјави денеска министерот за финансии Кирил Миноски.
Миноски потенцираше дека и покрај пречките, растот ја надминал владината проекција за овој период.
-Доколку имаме предвид дека ревидираната проекција изнесуваше 2,3% раст на бруто општествениот производ, гледаме дека доаѓаме до еден раст што се наоѓа над тие проекции и покрај објективните пречки што ги имавме, рече Миноски.