6 април 2020 година, Скопје – Извлечени се 15-те најсреќни добитници на награда од по 100 илјади денари, а кои скенирале сметки во текот на март.

Ванче Василески, Катерина Апостолова, Зорица Илиев, Весна Макашевска, Дејан Ѓошев, Славко Јанковски, Љика Митева, Фадил Угљанин, Сеља Хаџи, Војче Мирчески, Благој Тунџов, Фарук Ајрулаху, Виктор Устијаноски, Мише Милановски и Деан Андреевски се граѓаните што беа извлечени во саботата, во вечерниот термин на Канал 5 ТВ.

Шестмина од наградените се од Скопје, по двајца добитници се од Струмица и од Прилеп и по еден од Штип, Охрид, Пробиштип, Тетово и Богданци.

Во првото тримесечје, скенирани се вкупно 49,9 милиони фискални сметки со остварен промет од 21,9 милијарди денари со вкупен ДДВ од 2,2 милијарди денари.

Comments are closed.