Во однос на обвинувањата од општина Центар дека Министерството за финансии не врши поврат на средства на општината, прашуваме – дали во општина Центар има правници за да му ја објаснат процедурата за поврат на средства на градоначалникот на општината? Пред три работни дена од страна на општината до Министерството за финансии е поднесено барањето и банкарска сметка за извршување на поврат на 25 милиони денари. За да се исплатат овие средства Министерството треба да донесе решение за поврат, кое е во тек.

Очигледна е тенденцијата на општина Центар да го злоупотребува Министерството за финансии за политичка пропаганда. Истото го направија и со училиштето во Капиштец – на одобрен кредит од страна на Министерството за финансии, градоначалникот даваше изјава дека Министерството за финансии не одобрува кредит за училиштето.

Општина Центар да не го злоупотребува Министерството за финансии за политички маркетинг. Тенденцијата е очигледна.

 

Comments are closed.