1 март 2018, Скопје – Министерот за финансии Драган Тевдовски денеска оствари средба со новиот амбасадор на Словачка во Македонија, Хенрик Маркуш. На средбата беа поздравени преземените и планираните реформи во управувањето со јавните финансии.

Амбасадорот истакна дека Словачка има големо искуство во финансискиот менаџмент во државниот систем и понуди споделување знаења и искуства од неговата земја, како и продлабочување на соработката помеѓу министерствата за финансии.

Министерот Тевдовски се заблагодари на понудената поддршка и посочи дека ќе се заложи за продлабочување на соработката.
– За нас овој реформски процес е суштински. Искуствата и знаењата од другите земји се добредојдени – истакна Тевдовски. 

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.