5 јуни 2018, Скопје – Нема ново нето задолжување со денешната аукција. На аукцијата на државни хартии од вредност запишани се 1,37 милијарди денари (22,24 милиони евра), од кои утре ќе се вратат 1,38 милијарди денари (22,46 милиони евра) по основ на порано издадени и доспеани за отплата државни хартии од вредност.
На аукцијата беа запишани 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 1 милијарда денари со камата од 1,00% и 15-годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 337 милиони денари со камата од 3,50%.
Од друга страна, претходно издадените државни хартии од вредност кои утре се отплаќаат се 6-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 910 милиони денари со камата од 1,55%, 6-месечни државни записи со девизна клаузула во износ од 403,6 милиони денари со камата од 1,45% и 5 – годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 68 милиони денари, со каматна стапка 4,60%.
Во текот на месец јуни по основ на претходно издадени државни хартии од вредност доспеваат за исплата 1,8 милијарди денари или 29,9 милиони евра.