Во однос на соопштението на дополнителниот заменик министер Кире Наумов, а во насока на точно информирање на јавноста, Министерството за финансии сака да истакне:
– Денешната аукција на државни записи е согласно календарот на аукции за државни хартии од вредност. Средствата кои се јавуваат како разлика помеѓу побараните на проспектот и реализираните со аукцијата ќе останат како депозит за следната година.
Потсетуваме и дека со цел да го намали нето задолжувањето по основ на државни хартии од вредност, Министерството за финансии изминативе месеци не одржа 6 аукции предвидени со календарот.