31 јули 2018, Скопје – Министерството за финансии денеска ги објави податоците за државниот и јавниот долг за второто тримесечје од годинава, односно заклучно со јуни 2018 година.

На крајот од второто тримесечје, државниот долг изнесува 39,9% од бруто домашниот производ (БДП), додека јавниот долг изнесува 47,7% од БДП. Споредено со првиот квартал на 2018 година, државниот долг е повисок за 0,3 процентни поени, додека јавниот долг за 0,5 процентни поени. 

Comments are closed.