Министерството за финансии ги започна подготовките за буџетот за наредната година. Според проекциите се очекува порастот на БДП да изнесува 3,5 проценти, инфлацијата да се движи меѓу 2 и 2,5 проценти, а дефицитот да биде на ниво од 2,5 проценти од БДП.

&nbsp

Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески стапката на раст од 3,5 проценти е реална и оптимална и се темели на порастот што го остварува европската економија како клучен фактор за раст на македонската економија.

&nbsp

 

– Мислам дека ова сценарио е оптимално или реално. Во едно оптимистичко сценарио имаме разгледувано и сценарио во кое БДП би растел 4 проценти, а во песимистичко некаде 3 проценти, така што сметавме дека е реално сценариото за раст од 3,5 проценти со оглед на последните информации за тоа што се случува во европската економија, изјави министерот за финансии.

&nbsp

Тој додаде дека во однос на растот за оваа година, согласно индикаторите има добри шанси да се рализира планираниот раст од 2 проценти.

&nbsp

– За оваа година македонската економија во втората половина и според последните индикатори за движење на индустриското производство и спроед случувањата на буџетот каде приходите се се подобри и би требало да се оствари подобар раст отколку што имаше во почетокот на годината. Во целина ќе дојдеме до растот што е предвиден од 2 процента. Како и секоја проекција постојат ризици за надолу и нагоре може да биде полошо од тоа, но може да биде и подобро од тоа, истакна Ставрески.

&nbsp

На среден рок во 2012 и 2013 година, како што соопшти министерот, македонскиот БДП се очекува да ги достигне стапките на раст од пет и над пет проценти. За планираниот буџетски дефицит посочи дека тој е на ниво од 2,5 проценти, главно заради тоа што се планираат зголемени инвестиции особено во транспортната инфрастуктура, а во 2012 и натаму тој ќе се сведе на 2 проценти.

&nbsp

Тој соопшти дека буџетот за 2011 ќе биде приближно на нивото од оваа година зголемен за оној реален раст на економијата, односно на БДП.

&nbsp

– Нема да има некое значајно зголемување во апсолутен износ, а во релативен износ ќе останеме на ова ниво, рече министерот Зоран Ставрески.(МИА)

Comments are closed.