22 декември 2017, Скопје – Предлог-буџетот за 2018 денеска е на дневен ред на пленарна седница пред пратениците во Собрание.

Ова е дополнет предлог буџет кој вклучува шест амандмани прифатени во расправата во прво читање во собраниските комисии и со амандмани од страна на Владата со кои се направени зголемувања на финансиските средства за гасификација во висина од 120 милиони денари, кај блок дотациите за градинки, основни и средни училишта и културни установи за 200 милиони денари, кај Фондот за здравство за 100 милиони денари и кај Инспекторатот за животна средина за 10 милиони денари.

Вкупните приходи во Буџетот за 2018 година се проектирани на 193,5 милијарди денари, а расходите на 211,7 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е проектиран на 18,2 милијарди денари или 2,7 проценти од БДП, односно бележи намалување во однос на минатата година за 0,2 процентни поени.

 

Comments are closed.