На 26 септември 2008 година во организација на амбасадата на Швајцарија и Светска банка беше приреден прием во чест на заменик претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Ставрески и неговото претседавање со Годишните собранија на Светската банка и ММФ за 2008 година, како и за реализацијата на проект за поддршка на с
На 26 септември 2008 година во организација на амбасадата на Швајцарија и Светска банка беше приреден прием во чест на заменик претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Ставрески и неговото претседавање со Годишните собранија на Светската банка и ММФ за 2008 година, како и за реализацијата на проект за поддршка на современата уметност во Македонија. При тоа беше отворена изложбата “Уметност и развој“, на која беа претставени 55 дела на 14 уметници.
Пред присутните Вицепремиерот истакна дека покрај тоа што претседавањето со овие организации е личен предизвик и чест, тоа е признание за Република Македонија и потврда за квалитетот на спроведувањето на економските реформи. Република Македонија и сите нејзини граѓани ќе бидат достојно презентирани на претстојното Годишно собрание на ММФ и Светската банка во Вашингтон што треба да се одржи во првата половина од октомври 2008 година.
Спојувајќи ги уметноста, економијата и развојот тој рече дека тие имаат неколку заеднички карактеристики, односно дека за сите е потребна идеја, креативност и инспирација, но и можност за нивна реализација.
-Визијата на сите нас, помогнати од нашите пријатели е да ја направиме Македонија подобро место, а таа ќе биде подобро место, доколку успееме во една навидум едноставна, но всушност многу сложена работа, а тоа е да се ослободи креативниот потенцијал на сите, на уметниците, на бизнисмените, на лекарите, и на сите други граѓани на оваа земја, рече Ставрески.
На настанот се обрати директорот на Канцеларијата на Светската банка во Македонија Маркус Репник, кој најде заеднички точки на уметноста и економијата и тоа во делата на уметниците помогнати од проектот на Светската банка и швајцарската Амбасада и во самиот вицепремиер.
-Едно од делата „Враќање дома потсетува враќањето на Ставрески од Светската банка во Македонија за да ја извршува сегашната функција во Владата, а друго „Враќање“ неговото враќање во во Светската банка како претседавач на Годишното собрание, рече Репник.
Поважни линкови:
Обраќање на ЗПВРМ Зоран Ставрески на Проектот за поддршка на современата уметност во Македонија
Програма за развој на уметноста поддржана од канцеларијата на Светската банка во Македонија