5 декември 2017, Скопје – Министерството за финансии на аукцијата одржана на 5.12.2017 година издаде државни хартии од вредност во износ од 1,679 милијарди денари (27,3 милиони евра).
Станува збор за 6-месечни државни записи без девизна клаузула (Re-opening) во износ од 410 милиони денари со камата од 1,55%, 6-месечни државни записи со девизна клаузула во износ од 403,6 милиони денари со камата од 1,45%,12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 561,7 милиони денари со камата од 1,85% и 15-годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 303,9 милиони денари со камата од 3,80%.
На 6.12.2017 година, Министерството за финансии, по основ на претходно издадени државни хартии од вредност, ќе отплати 1,531 милијарди денари (24,91 милиони евра). Сите доспевања Министерството за финансии ги објавува во Календарот на државни хартии од вредност.
Разликата од 147,3 милиони денари (2,39 милиони евра) ќе биде искористена за активности предвидени во Буџетот на Република Македонија.
Известувањата за аукциите можете да ги преземете на следните линкови:
6 – месечни државни записи (девизна клаузула)
6 – месечни државни записи (Re-opening)
15 – годишни државни обврзници (девизна клаузула)