17 октомври 2017, Скопје – Министерството за финансии на денешната аукцијата издаде државни хартии од вредност во износ од 2.444,84 милиони денари (39,75 милиони евра).

Станува збор за 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 1.484,66 милиони денари со камата од 1,85%, 2-годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 500,00 милиони денари со камата од 2,10% и 15-годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 460,18 милиони денари со камата од 3,80%.

На 18 октомври 2017 година, Министерството за финансии, по основ на претходно издадени државни хартии од вредност, ќе отплати 1.518,71 милиони денари (24,69 милиони евра). Сите доспевања Министерството за финансии ги објавува во Календарот на државни хартии од вредност.

Разликата од 926,13 милион денари (15,06 милиони евра) ќе биде искористена за активности предвидени во Буџетот на Република Македонија. 

Резултатите од аукцијата се објавени на следните линкови: 

12-месечни државни записи

2-годишни државни обврзници 

15-годишни државни обврзници 

Comments are closed.