Светската банка, на Владата на Република Македонија и одобри развоен кредит од 30 милиони долари како буџетска поддршка за економските реформи и развојните политики.
 
Овие средства се доделуваат како поддршка на реформите за зајакнување на системот на социјална помош и реформите во здравството, зајакнување на стабилноста на финансискиот сектор и подобрување на извршувањето на јавни расходи. Бордот на Светска банка даде пофални оценки за спроведување на активностите поврзани со реализацијата на ПДПЛ аранжманот, притоа поздравувајќи ги напорите на Владата на Република Македонија за одржување на макроекономска стабилност и спроведување на реформски политики.
 
Следната година се очекува одобрување на нова транша од ПДПЛ аранжманот за спроведување на развојни политики. Исто така, одобрен е грант од Владата на Кралството Холандија во износ од 7 милиони евра, како поддршка на веќе започнатите реформи. Оваа поддршка е јасен сигнал и потврда за континуираното спроведување на реформите на Владата на Република Македонија.