Секторот за управување со средства ги врши работите што се однесуваат на изготвувањето и донесувањето на решенија и други акти во второстепената управна постапка од областа на даноците, царините, акцизите, придонесите и таксите по жалби од правни и физички лица и од вршители на дејност;

  • спроведувањето на постапката по повод вонредни правни средства; изготвувањето на одговори по тужби до Управниот суд и жалби до Виш управен суд;
  • комплетирање на предметите во врска со заведени управни спорови против решенија и други акти донесени во второстепена управна постапка од областа на даноците, царините, акцизите, придонесите и таксите; соработка со Државното правобранителство на Република Северна Македонија;
  • соработка при изготвување на предлозите на закони и меѓународни договори од областа на даноците и царините како и при изготвувањето на правилници, упатства и други подзаконски акти заради единствено постапување во даночната и царинската постапка,
  • следење и примена на прописите од областа на даноците, царините, акцизите, придонесите и таксите и прописите од областа на управната постапка и иницирање на нивна измена,
  • следење на меѓународните договори од областа на даноците и царините и изготвување на информации и извештаи во врска со второстепената управна постапка и управните спорови, следењето и реализацијата на странската помош која генерира Компензациони фондови во целина и по корисници,
  • подготвување на извештаи за работата на Компензационите фондови и Индикативни планови – повеќегодишни и едногодишни за ангажирање на средствата од Компензационите фондови;
  • вршење на техничка и аналитичка обработка на податоците за состојбата со наплата на побарувањата, регулирањето и следењето на управувањето со средствата;
  • соработка при изготвувањето на предлозите за донесување на законски прописи за управувањето со имотот, како и при подготовката на подзаконски акти и други прописи;
  • следењето и анализирањето на спроведувањето на законските, подзаконските и други прописи од оваа област и изготвувањето на мислења за нивната примена, вршењето на техничка и аналитичка обработка на податоците за состојбата со имотот,
  • водење на сметководствена евиденција и изготвување на завршните сметки, преземање на мерки за наплата по добиено известување за наплата од надлежните сектори,
  • водење на евиденција за движен и недвижен имот стекнат во стечајни постапки врз основа на правосилно судско решение,
  • преземање на мерки за стечај или ликвидација и сл. и вршење на други работи во врска со управување со средства.
 

Клучни контакти:

Раководител на сектор за управување со средства

Розика Бојаџиева
телефон: 02/ 3255 -435
пошта: rozikа.bojаdzievа@finаnce.gov.mk

Помошник раководител на сектор за управување со средства

Елизабета Калачоска
телефон: 02/ 3255 -436
пошта: elizаbetа.kаlаcovskа@finаnce.gov.mk

Одделенија:

Comments are closed.