Секторот за управување со човечки ресурси ги врши работите кои се однесуваат на подготвување на годишни планови и извештаи за работата од областа на човечките ресурси, координирање и спроведување на активностите и задачи што се однесуваат на следење и примена на законските, подзаконските акти, колективните договори и други прописи што се однесуваат на статусот, правата, должностите и одговорностите на вработените од областа на работните односи; изготвување на општите и поединечните акти за правата, обврските и одговорностите на вработените; подготовка на програма за развој на човечките ресурси, планирање на движењето на вработените во службата, следењето и водењето на кадровската политика во Министерството; следењето на потребата од пополнување на работните места според Правилникот за систематизацијата на работните места и во врска со тоа соработува со раководителите на организационите единици на Министерството; селекција и вработување на човечките ресурси, спроведување на постапките за вработување и унапредување, мобилност преку преземање и распоредување, методолошка, организациска и техничка поддршка во изработка на актите за внатрешна организација и систематизација на работните места, изготвување на функционална анализа, процедури и упатства од областа на работните односи, изготвувањето на програми и планови за стручно оспособување и усовршување на државните службеници и следењето на нивното реализирање; изготвување на договори и решенија во врска со службените патувања на вработените; проценка и анализа на потребите од обуки, планирање на обуки и евалуација на обуките, грижа за високо ниво на мотивација и етика и следење на примената на етичкиот кодекс на административните службеници, следење и унапредување на дисциплината на административните службеници и водење на постапките за дисциплинска и материјална одговорност, внесување и ажурирање податоци на вработените во електронскиот систем за човечки ресурси ХРМИС, водењето на персоналната евиденција во Министерството; водење на евиденциите пропишани како обврска со законските и други прописи од областа на трудот; водење на евиденција за присутност на вработените, врши пријавување и одјавување на вработените во надлежните органи и стручни служби; изготвувањето на анализи, информации и извештаи за кадровската состојба во Министерството; водењето на единствена кадровска и персонална евиденција во Министерството; менаџирање, подготвува и спроведува анкети и анализи за евалуација на работниот процес предлага и изготвува процедури за квалитетно извршување на работните должности, изготвување на процедури за регулирања на права, обврски и должности кои произлегуваат од работните односи, спроведување на процесот за оценување на државните службеници, давање на стручна помош при оценување на државните службеници во министерството, водење разговори со раководителите околу индикаторите за наградување како и спроведување на дисциплински постапки, изготвување на потврди за редовен работен однос/стаж/искуство, изготвување на известувања за соодветна и правична застапеност на заедниците за Министерството, ги следи и проучува теоретските и практични искуства во земјата и странство за работата од областа на управувањето со човечките ресурси.
Клучни контакти:
Одделение за вработување, унапредување, мобилност и права од работен однос
Верица Стоилова- Раководител на одделение
телефон: 02/3255-619
е-пошта: verica.stoilova@finance.gov.mk
Кимет Куртиши – Советник
телефон: 02/3255-634
е-пошта: kimet.kurtisi@finance.gov.mk
Надица Страчков – Помлад соработник
телефон: 02/3255-466
е-пошта: nadica.strackov@finance.gov.mk
Одделение за стручно усовршување, оценување и одговорности од работен однос
Лилијана Стојановска – Раководител на одделение
телефон: 02/3255-624
е-пошта: lilijana.stojanovska@finance.gov.mk
Адељина Љамалари – Помлад соработник
телефон: 02/3255-431
е-пошта: adelina.ljamalari@finance.gov.mk
Одделение за развој и управување со човечки ресурси
Александра Лулкоска – Советник
телефон: 02/3255-760
е-пошта: aleksandra.lulkoska@finance.gov.mk
Виолета Заевска- Помлад соработник
телефон: 02/3255-626
е-пошта: violeta.zaevska@finance.gov.mk