Скопје, 11 јуни 2013 (МИА) – Кон крајот на следната недела ќе се потпише договорот за вклучување на Македонија во гасоводот Јужен тек, најави денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

 

– Следната недела заедно со премиерот Никола Груевски ќе бидам во Русија. На крајот на неделата во рамките на Форумот во Санкт Петербург ќе се потпише договорот меѓу Русија и Македонија за влегување на нашата земја во Јужен тек, изјави вицепремеирот Ставрески, одговарајќи на прашање по презентацијата на проектот за задолжителна котација на Македонската берза.

 

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.