30 јули 2018, Скопје – Собранието ја усвои одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници, со која се обезбедуваат средства спроведување на референдум на државно ниво во 2018 година.
Со прераспределбата се кратат помали суми од повеќе поголеми буџетски корисници, а се алоцираат 210,4 милиони денари за спроведување на референдумот. На овој начин се обезбедуваат средства, без да има влијание врз тековното работење на буџетските корисници, ниту пак врз спроведување на буџетските програми и проекти.