Владата, согласно ветеното, денес ги исплати парите за отштета од поплавите во Струмица. На 394 лица им се исплатени 29,9 милиони денари.Исто така, исплатени се 527 илјади денари на граѓаните во Градско и 489 илјади денари на граѓаните од Чешиново-Облешево.
Досега се исплатени вкупно 144,24 милиони денари на 2.218 оштетени од поплавите кои се случија годинава. Отштета е исплатена и на граѓаните од Могила, Новаци, Демир Хисар, Битола, Босилово, Кривогаштани, Велес, Пробиштип и Штип.
Владата ќе продолжи со исплатата на отштетата од поплавите.