26 јули 2017, Скопје – Министерот Драган Тевдовски оствари средба со Луиза Винтон, претставничка на Обединетите Нации и координатор на UNDP во Р. Македонија и нејзиниот тим.

Целта на средбата беше разгледувањето на активностите и можностите за соработка помеѓу двете институции. На средбата стана збор и за проектите на UNDP поврзани со креацијата на работни места, локалната самоуправа, климатските промени и превенцијата од поплави и временски непогоди.

Двете страни изразија убедување дека соработката помеѓу овие институции во иднина може да придонесе за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.

Луиза Винтон, додаде и дека ја почувствувала промената и му посака успех на министерот во остварувањето на зацртаните цели и планови за подобрување на системот за јавни финансии на земјава.

Comments are closed.