21 август 2018 година, Скопје – Министерот за финансии Драган Тевдовски оствари средба со делегација од Сојузното министерство за економија и енергетика на СР Германија предводена од Хелге Толксдорф, раководител на одделот за ЕУ проширување, Југоисточна Европа и Турција.
Двете страни разговараа за продлабочување на економските односи помеѓу двете земји.
Целта на посетата е унапредување на стратегиите за билатерална соработка, имајќи го предвид патот на Македонија кон приклучување во ЕУ.