Скопје, 10 јануари 2013 (МИА) – Рангирањето на Македонија како најдобра во регионот на Југоисточна Европа во најновиот извештај за економски слободи на фондацијата „Херитиџ“ и „Волстрит џурнал“ е потврда за владините политики за подобрување на условите за водење бизнис, оцени вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

 

– Македонија уште еднаш е најдобра во регионот и тоа само е потврда дека она што го работиме е системско подобрување на амбиентот за работење на фирмите, за слобода за претприемништво и можност претпријатијата да имаат рамен терен за игра. Тоа за нас е најзначајно. Тоа е и потик да видиме каде има дополнително простор за подобрување и ние од година во година ќе видиме каде има простор за дополнителни мерки, рече Ставрески по средбата со претставници на Мотоциклистичката федерација на Македонија.

 

За можноста за намалување на цената на зелениот картон за автомобилите, како и за воведување можност тој да важи за пократок рок, а не како сега да е врзан со регистрацијата, тој посочи оти се прават анализи во континуитет.

 

– Ние во контиуните правиме анализи на можностите, состојбите и потребите на возачите, но од друга страна и на состојбите во друштвата за осигурување и зависно од тие анализи, доколку има во некоја фаза можност, секако дека ќе донесеме дополнителни мерки во тој дел, додаде вицепремиерот Ставрески

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.