Скопје, 5 јули 2012 (МИА) – Субвенциите за тутунот се целосно исплатени. За два-три дена Министерството за финансии исплати 1,204 милијарди денари на 27 илјади тутунари.

 

– Како што вети Владата, за само 2-3 дена исплативме 1,204 милијарди денари на тутунарите во вид на субвенции. Дваесет и седум илјади тутунари, односно 27 илјади семејства ги добија парите. Нека ги користат со среќа, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески одговарајќи на новинарски прашања по презентацијата на нов електронски систем во Царинската управа.

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.