Скопје, 15 септември 2012 (МИА) – Владата го предвиде негативниот БДП во вториот квартал од годината и ги презема сите неопходни мерки. Во оваа фаза останува насочена кон изнаоѓање решенија што гледаат напред, кон поддршка на стопанството, заштита на бизнис заедницата, граѓаните и социјалните категории, рече денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

 

Ставрески нагласи дека за Владата во овој период е најбитно да му се помогне на стопанството, да се подобри неговата ликвидност, да се заштитат примањата на вработените и да нема поголеми отпуштања.

 

– Податокот што го објави Државниот завод за статистика за вториот квартал од годинава беше на некој начин очекуван и претходно најавуван и од наша страна. Владата укажа на очекувањата дека вториот квартал ќе биде негативен. Заради тоа навреме презеде мерки со кои интервенираше во неколку области. Со ребалансот во мај и јуни го прилагодивме Буџетот, ги задржавме капиталните инвестици на високо ниво со цел преку нив да влијаеме во насока на поддршка на стопанството и навреме обезбедивме две кредитни линии, пред да бидат објавени овие податоци, нагласи Ставрески.

 

Допрва се очекуваат ефектите од двете мерки, едната која предвидува 100 милиони евра за малите и средните претпријатија и другата со која се обезбедени 11 милиони евра за земјоделските петрпијатија.

 

Вицепремиерот потсети дека се објавени и мерките за компаниите од металуршката индустрија со кои сериозно ќе им се помогне и во насока на обезбедување финансиски средства, како и во насока на прилагодување на нивните барања кои во голем дел се прифатени.

 

– Владата објави и програма за заштита на социјалните категории на населението преку изведување јавни работи, креирање околу 4.000 работни места директно по таа основа и дополнителни работни места преку привремените вработувања во рамки на Агенцијата за вработување, заштита на сите остатанти категории граѓани преку навремена исплата на пензиите, земјоделските субвенции,… Тоа е сериозен пакет за мала земја како Македонија, подвлече Ставрески.

 

Владата, додаде, останува отворена за соработка со стопанствениците и за разгледување на сите други мерки што ќе може да се прифатат во рамки на расположливите буџетски срдества.

 

– Остануваме отворени за дијалог со бизнис заедницата, внимателно ги слушаме нивните предлози, ги анализираме и ако можеме ќе ги прифатиме и ќе настојуваме со сите потенцијали кои ни се на располагање да помогнеме, истакна министерот за финансии.

 

Во основа, проблемот е европската економија, еврознота која е во рецесија со -0,8 проценти во вториот квартал идентично како и Македонија.

 

– Ова покажува дека има целосна поврзаност и последица од случувањата во еврозоната врз Македонија. Сите земји во соседствтоо се во негатива, Словенија има над три отсто пад, Хрватска над два отсто, Франција, Холандија, Шпанија, Италија имаат негативни стапки. Тоа е причината зошто и македонската економија која целосно е насочена кон европската, во првите два квартала имаше негативен резултат, посочи Ставрески.

 

Претпоставките и состојбите во Европа се многу променливи поради што е тешко да се кажат какви било проекции за остатаниот дел од годината. Се зависи од случувањата во европската економија.

 

– Ако дојде до стабилизирање на состојбите во еврозоноата, можеме да сметаме на подобрување. Ако се продлабочи рецесијата и има негативен еконмски раст, ќе биде лошо за сите земјки во ЈИЕ зашто се мали и две третини од нивниот извоз е насочен токму во европксите земји. Па последиците ќе се чувствуваат и во регионот, заклучи вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

 

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.