Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска присуствуваше на традиционалното закројување на лозјата во чест на Св. Трифун, заштитникот на лозарите и винарите во Неготино.

&nbsp

– Владата и натаму ќе остане силен поддржувач на лозарството. Преку Програмата за субвенции и оваа година ќе има исплата на високи износи на средства за лозовите насади, како за постоечките, така и за обнова на нови и за исплата на субвенции по килограм грозје, истакна Ставрески, посочувајќи дека Светската економска криза и презаситеноста на пазарот со вино негативно се одразија на лозарството.

&nbsp

Владата, како што најави, ќе помогне преку законски решенија да се регулираат односите меѓу откупувачите и лозарите, односно однапред да се утврдат откупните цени со цел да има поголема сигурност во исплатата.

&nbsp

– Предвидено е со закон и правилник да биде регулирано, производителите и откупувачите, пред да биде предадено грозјето да потпишат договори во кои ќе се наведе и откупната цена. На овој начин и едните и другите да бидат обезбедени, а ќе се избегнат и незадоволството и тензиите, истакна заменик престедателот на Владата и министер за финансии.

&nbsp

На новинарско прашање за тоа дали ќе помогне Владата за исплата на долгот за откупеното грозје од претходните години, Ставрески рече дека добар дел од долгот за 2009 година во Неготино е исплатен.

&nbsp

– Ќе настојуваме преку разговори со откупувачите и преку отворање нови пазари да помогнеме од двете страни да се продаде виното и да може да им се исплати на лозарите. Во меѓувреме она што можевме да го направиме е преку исплата на дополнителни субвенции од два денари по килограм, посочи Ставрески, појаснувајќи дека со измената на Правилникот во овој период ќе може да се изврши исплатата на субвенциите што ќе им помогнеме на земјоделците да го надминат овој период, односно да ја почнат успешно сезоната.

&nbsp

Тој најави дека се прават напори преку пласман на виното да се обезбедат средства за исплата на родот и за 2010 година, но според него, тој дел не е во рамките на она што државата може да го направи.

&nbsp

– Ние, се разбира, се обидуваме да се отворат нови пазари и она што може да го направиме е преку дополнителни два денари по килограм грозје да им помогнеме да го надминат овој период. Тие средства со новиот буџет и со новата програма може да се исплатат.
За ветените субвенции за винариите, Ставрески посочи дека Владата ја поминала измената и во следните недели ќе се изврши исплатата.

&nbsp

Тој очекува до есен да се создадат услови за изградба на делницата Смоквица – Демир Капија.

&nbsp

– Половина од средствата беа одобрени од Европската инвестициска банка, во март или април очекуваме и ЕБРД да ги одобри останатите средства, а  другиот дел е грант од ЕУ и Буџетот на Република Македонија. Во наредните два-три месеци ќе се комплетира целата финансиска конструкција, а потоа ќе се објави тендер за изградба и очекувам есента да се создадат услови за изградба на Коридорот, изјави Ставрески одговарајќи на новинарско прашање.

&nbsp

Во рамки на престојот во општина Неготино, Ставрески го посети и Саемот на вино – Желкова куќа.
Тој беше придружуван од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство  Љупчо Димовски и претставници на дипломатскиот кор во Македонија.(МИА)

Comments are closed.