Скопје, 29 април 2015 (МИА) – Добро би било политичката криза што побрзо да заврши со цел стопанството да ги оствари предвидените резултати, изјави денес вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Одговарајќи на новинарско прашање, Ставрески оцени дека политичката криза не е добра за стопанството, на кое му треба стабилност и извесност.

– Очекувам дека резултатите на стопанството засега нема да бидат влошени, меѓутоа сè зависи од тоа дали брзо ќе се дојде до одговор на политичката криза. Добро би било таа што побрзо да се затвори со цел стопанството да ги оствари предвидените резултати, нагласи вицепремиерот Ставрески по презентацијата на Стратегијата за внатрешна финансиска контрола 2015- 2017.

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.