Скопје, 17 декември 2012 (МИА) – Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески изјави дека СДСМ денеска продолжи со политиката на блокада на буџетот. Предлогот на СДСМ според вицепремиерот е набрзина осмислен со кој се предвидува кратење на 10-тина проценти и нереализација на програмата на Владата.

– СДСМ достави до Владата документ што всушност не преставува документ, желба и начин за одблокирање на буџетот за 2013 година, туку напротив дополнително ја зцврстува блокадата на буџетот, донесувањето на буџетот, а со што ги загрозува и интересите на сите граѓани на Република Македонија. Позицијата на СДСМ е позиција на ултиматум или да се прифатат сите нивни барања или нема да ги поминеме амандманите и да се донесе буџетот за 2013 година. Тоа не е конструктивна опозиција, напротив тоа е деструктивна опозиција и уште еден предлог за да не дојде до донесување на буџетот за 2013 година, изјави министерот.

Тој додаде дека во тој предлог има многу работи што не се логични и за кој не може на таков начин да се дискутира бидејќи навлегува во самата суштина на реалиција на Програмата на Владата на Република Македонија. – Се предлагаат кратење кај позиции кој што би значело целосно закочување во секотри како што е здравството, каде предлага да се намалат 80 милиони евра, нереализација на проекти кои што се дел од програмата на Владата, неизградба на спортски објекти и сали, да не се плаќаат обврските за лаборатории и други набавки што се веќе завршени, да не се плаќаат обврските за парно, за електрична енергија и слично. Се работи за набрзина осмислен предлог кој покажува дека вистинската цел на СДСМ е дополнително да се закоци работата на собраниските комисии и да не дојде до носење на буџетот, истакна Ставрески.

Според него Владата на Република Македонија има програма за работа и има обврска да ја спроведе таа програма, прецизно со сите проекти и обврски што се преземени пред граѓаните. Буџетот, додаде, е добро осмислен и не загрозува никого, обезбедува развој и капитални инвестиции, исплата на зголемени пензии, социјална помош, субвенции, реализација на значајни капитални инфраструктурни проекти, редовна исплата на обврските кон стопанството, изградба на училишта, патишта, железници и слично.

Министерот потенцира дека од таков буџет СДСМ бара да се скратат дури 9 проценти, што заедно со предлогот на пратеникот Изет Зекири води кон кратење од над 11 проценти. Тоа, смета министерот, покажува дека не е целта да се корегира нешто и да се биде конструктивен. Не може ниту една опозиција да побара и да очекува 11 проценти од буџетот да биде скратено бидејќи тоа значи нереализција на програмата на Владата. Никаде во светот нема таков случај на блокирање на буџет од страна на опозицијата преку поднесување на илјадници амандмани и никаде во светот нема пример каде што опозицијата го креира буџетот. Тоа е суштината на демократијата. Прифаќањето на ултиматум и уцена на ваков начин би значело газење врз демократијата и врз политичкиот систем на државата што за нас е неприфатливо, изјави Ставрески и додаде дека Владата е таа што го предлага буџетот и секако дека ја носи одговрноста за тоа.

– Буџетот што го предлагаме е во корист на граѓаниет, на социјалците, на пензионерите, на земјоделците, на приватните компании бидејќи ќе обезбеди работа за нив преку градежништвото, преку редовна исплата на повраток на ДДВ, ќе обезбеди доволно средства за реализација на нови болници, училишта, пречистителни станици…Не е добро еден таков буџет да се крати. Не е добро да се крати на каптиалните објекти, бидејки тие ја спасија државата, односно економијата во вакви тешки времиња и заради што Република Македонија има помали последици од европската криза, истакна Ставрески.

Тој потенцира дека уште еднаш се покажува дека кај СДСМ нема воља да се надминат теснопартиските интереси и апелираше уште еднаш дека политичката дебата е легитимна, меѓутоа намерното одолговлекување на носењето на буџетот и втурнување на земјата во криза не е својствено на демократски партии. – Апелирам СДСМ и целата опозиција да се надминат себе си, теснопартиските интереси и да ја ослободат Република Македонија и грраѓаните од заложништво, изјави Ставрески.

Во однос на тврдењата на опозицијата дека нема да има проблем во испатата повикувајќи се на буџетот од 2003 година што беше донесен на 27 март 2003 година, Ставрески рече дека тогашниот буџет се донел подоцна бидејки владата се формиарала подоцна поради изборите.

– Сосема различно е од сега, кога кочењето е од политичка природа, желба и воља на СДСМ. Второ, СДСМ освен што го блокира донесувањето на буџетот, го блокира и финансирањето на буџетот што треба да го гледаме во пакет односно финансирањето преку двата кредити од Светска банка, што ги обезбедивме во вакви тешки околности со многу напори и разговори со СБ и банките. Ако СДСМ и тоа го закочи, а тоа денеска на координација беше кажано, тоа покажува дека практично ги доведуваат во прашање и редовните исплати на пезниите и на субвенциите и на се друго што се финансира од буџетот, изјави Ставрески.

Што се однесува до амандманите и конкретните предлози, Ставрески рече дека Владата ги разгледува со должно внимание. – Кога би работеле побрзо и кога би можеле да ги видиме сите амандмани се разбира ќе се изјасниме за сите. Жалам што еден конструктивен предлог на претседателот на Собранието искажан на денешната координација не беше прифатен, истакна министерот за финансии Зоран Ставрески.

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.