Скопје, 16 декември 2013 (МИА) – Владата и натаму останува пријателски ориентирана кон приватниот сектор, внимателна со прибирањето на приходите за да не се оптовари стопанството, продолжува политиката на пониски даноци и давачки, обезбеудвање повеќе средства за нови болници, училишта, патишта,…, рече вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во попладневната собраниска расправа по Буџетот за 2014 година.

– Тоа е политиката што ја водиме од 2006 година наваму, кога ги намаливме даноците. Од друга страна, прибрани се многу повеќе пари отколку што успеа да собере нашиот политички конкурент зашто е намалена даночната евазија и во тој дел фирмите се порелаксирани, стапката на данок е пониска, немаат причина да работат во сивата економија како во времето на СДСМ, потенцира Ставрески.

Според него, стапката на зафаќање на буџетот во БДП од 34 отсто колку што беше во 2005 година, е идентична со стапката од 33,9 проценти во 2014-та.

– Нема нови зафаќања, напротив, со пониски даноци успеваме да обезбедиме повеќе средства во Буџетот кои, пак, ги насочуваме во продуктивни проекти, патишта, болници,…, но, и во проекти што можат да ја подигнат македонската економија во услови на криза. Во тој дел, и натаму ќе настојуваме со реализирање вакви проекти да го подобриме животот на граѓаните, подвлече министерот.

Буџетот за 2014 година е неразвоен, нереален, со промашени проекти, уште едно предизборно манипулирање и купување гласови од пензионерите и социјалните случаи, ветување дека ќе се зголемат платите на администрацијата. Не нуди можност за раздвижување на економијата и отворање нови работни места, напротив, ќе ги доосиромаши грѓаните, обвини СДСМ.

– Владата предвидува инфлацијата да биде 3,3 отсто, а бруто платата да се зголеми за 2,4 проценти. Тоа значи дека цените ќе растат повеќе од платите, граѓаните ќе имаат помалку пари за плаќање сметки, купување храна, за семејството. Ќе опадне реалната куповна моќ. Предвидено е и БДП да расне за 3,2 отсто, а дефицитот да биде 3,5 проценти што значи и оваа година Владата ќе земе повеќе кредити отколку што ќе создаде македонската економија, рече Марјанчо Николов и побара министерот Ставрески да каже колку изнесува јавниот долг на Македонија.

Николов најпрво укажа дека Буџетот се носи во докрај неразјаснети процедурални услови. На собраниската Комисија за финансирање и буџет, рече, не заврши амандманската расправа, од вкупно подесени 684 амандмани, 393 останаа остаа неразгледани.

– Можам да се согласам да криткувате една, две, пет или десет работи ама вие исплукавте се. Не можам да се сфатам како не признавате дека ја намаливме невработеноста, обезбедивме бесплатни учебници за децата, бесплатно болничко лекување за пензионерите, 200 евра за лекување во странство, стипендии за странство, ги поевтинивме лековите, вработуваме социјалци, донесовме закон за заштита на стечајните работници, успеавме да привлечеме десетици странски компании што отворија работни места, градиме социјални станови, имаме проекти за младите граѓани за купување куѕќа и стан,…, реплицираше министерот.

Дебатата дека се е лошо не е конструктивна, напомена, и од Николов, како што рече, воопшто не ја очекувал.

– Не се исполни ниту едно од вашите предвидувања за годинашниот Буџет, јавноста виде кој е во право, истакна Ставрески.

Според Павле Трајанов, факт е дека владините економски политики се во фунција на државата. Обезбеден е економски раст највисок во нашето опкружување, а економскиот развој ќе прдолжи.Буетот е одраз на реалните приходи, проекциите ќе овозможат подиманичен, постабилен економски развој

Трајанов ја нагласи потребата од капитални инвестиции и подготвување посебна програма за отворање нови работни места. Се осврна и на гасификацијата, поздравувајќи го договорот со Гаспром.

– Предвидени се преку 500 милиони евра за капитални инвестиции, но сите вложувања, јавни набавки, концесии, да бидат предмет на анализа од соодветните државни органи зашто се уште се бориме со организиран криминал и корупција, посочи Трајанов.

Тој сугерираше да се даде приоритет и на инвестиции за техничка и физичка заштита на музеите во кои се чува нашето културно богатство.

Тања Томиќ од СДСМ не се согласи со Трајанов дека Буџетот ја прикажува реалната слика во однос на собирањето на приходите. Посебно боде очи, рече, делот кој вели дека само од такси и глоби треба да се наплатат нешто повеќе од 30 милиони евра.

За Ивон Величковски од ЛПМ, структурата на буџетот не е добра. Се што значи задолжување над три отсто во БДП, оцени, е превисоко и неодржливо.

Опозицијата обвини и за недоисплатени земјоделски субвенции за 2012 и 2013 година, како и за вложување во непродуктвни споменици.

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.