Скопје, 16 февруари 2012 (МИА) – Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески e задоволен од последните податоци објавени од Народната банка на Република Македонија за странските директни инвестиции во првите 11 месеци од 2011 година, oд 287 милиони евра.

 

– Податокот за странските директни инвестиции што го објави Народна банка на Република Македонија за 2011 година за првите 11 месеци е 287 милиони евра што е највисок износ на странски инвестиции во последните три години. Во 2011 година износот на странски инвестиции е колку збирот на 2009 и 2010 година што покажува дека напорите на Владата да се промовира Македонија како дестинација за странски инвестиции вродија со плод, односно има тренд на зголемување дури и во вакви тешки времиња. Странските директни инвестиции ја достигнаа цифрата која ја проектиравме и предвидувавме како Влада и сметам дека со декемвриските податоци ќе бидеме блиску до онаа проектирана цифра од 300 – 350 милиони евра, изјави Ставрески одгоравајќи на новинарски прашања по средбата со приватните градежни компании за проектот „Купи куќа, купи стан“.

 

Comments are closed.