Добро е што Централната банка се реши да повлече чекор во насока на намалување на каматните стапки и олабавување на останатите услови,изјави денеска министерот за финансии Зоран Ставрески.

&nbsp

Верувам дека со перспективите на македонската економија, за кои и НБРМ се согласи дека ќе бидат подобри следната година, Централната банка ќе има можност и мотив набрзо да излезе и со дополнително, поголемо, похрабро намалување на каматната стапка,додаде Ставрески.

&nbsp

Според него, фокусот не треба да се става само на половината процент за колку што беше намалена основната каматна стапка.

&nbsp

– Верувам дека во иднина ќе следи позначително намалување на референтната каматна стапка на Централната банка, но значајно е и останатите услови што се однесуваат на задолжителната резерва и другите сегменти да бидат разлабавени, а за тоа да продолжи би требало и македонската економија да покаже знаци на закрепнување што веќе почнаа да се чувствуваат. Затоа верувам дека во 2010 година ќе успееме заеднички да оствариме повисока стапка на пораст на кредитите и пониски каматни стапки, истакна Ставрески по средбата со пензионерите, членови на Здружението „Достоинство“.

&nbsp

Владата, додаде министерот, со својата фискална политика ќе придонесе да се обезбедат макроекономски стабилни услови и да продложи трендот на пораст на девизните резерви кои веќе се на ниво од 1,580 милијарди евра или за околу 80 милиони евра повисоки од периодот пред кризата.

&nbsp

– Сето тоа заедно, во координација меѓу монетарната и фискалната политика, верувам дека ќе овозможи повисок раст на кредитите во иднина и поголема достапност на кредитните средства, односно нивна пониска цена, рече Ставрески.

&nbsp

Тој смета дека треба да се причека за да се види дали по вчерашната мерка на Народната банка, банкарите ќе ги намалат каматите.

&nbsp

– Да причекаме, да видиме како ќе се одвиваат работите. Постепено банкарите ќе видат по која цена можат да ги добијат самите сопствeните средства однадвор, по која цена ги добиваат средствата, ќе ги следат сигналите на монетарната и фискалната политика и верувам дека ќе најдеме заеднички јазик за доброто на македонското стопанство, нагласи Ставрески.(МИА)

Comments are closed.