11 февруари 2019, Скопје – Министерот за финансии Драган Тевдовски ќе учествува на конференцијата „Оданочување, праведност и економски развој“ организирана од германската фондација „Фридрих Еберт“ во Ереван, Ерменија.

Министерот Тевдовски ќе ги презентира македонските искуства во областа на даночната политика. Тој исто така ќе учествува и на министерската панел-дискусија, на која ќе се дискутира за можностите за подобрување на даночниот систем на Ерменија. Тевдовски е дел од конференцијата поради визијата за поправедно општество и кредибилното водење на јавните финансии.

Министерот во текот на посетата ќе се сретне со вицепремиерот Мер Григорјан.

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.