29 август 2018 година, Скопје – Министерството за финансии ќе склучи договор со Светска Банка за обезбедување заем во износ од 28,7 милиони евра за унапредување на социјалните услуги.

 

Проектот опфаќа проширување на капацитетите за предучилишно згрижување и воспитание преку изградба на нови објекти и пренамена или надградба на постоечката инфраструктура на предучилишни институции, рече МФ Драган Тевдовски денес во Собрание објаснувајќи го Предлог-законот.   
Предлог-законот со кој ќе се овозможи финансирање на Проектот за унапредување на социјалните услуги денес влезе во собраниска процедура.

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.