Зголемувањето на конкурентната моќ на македонските компании е еден од највисоките приоритети во eкономската програма, но и еден од најтешко остварливите. Покрај спроведувањето на даночните и регулаторните реформи, како и модерниэација на образованието, остварување на овој приоритет подраэбира обука и доостручување на македонските менаџери во компании во странство.

 

Досега, македонските менаџери ретко имаа можност да бидат изложени на високо конкурентна средина и оттука ги имаат запоставувано неопходните вештини со кои редовно мора да се стекнува и надоградува секој современ менаџер. Познато е дека успешната продажба на производите и услугите се должи на добар менаџмент, креирање на препознатлив производ со висок и стандардизиран квалитет, конкурентни цени, атрактивен дизајн, современ маркетинг итн. Изминатите две децении промените кои настанаа во светскиот менаџмент доведоа до нови индустриски лидери кои произведуваат производи со сите наведени карактеристики, а од друга страна некои други компании, меѓу кои добра дел од македонските, изгубија значителен дел од пазарот.

 

Со цел да се пополни овој јаз, се подготвува проект кој популарно е наречен “Топ менаџмент“, а кој ќе обезбеди македонските менаџери да се здобијат со модерни вештини и знаења за управување. Целта се планира да  биде остварена двофазно: преку локална обука иэведена на странски јаэик за најновите концепти за менаџмент и маркетинг,  за потоа менаџерите да се упатат на обучување во успешни светски компании од развиените земји во ЕУ и САД.  Притоа македонските менаџери ќе имаат можност да работат со врвни светски менаџери во соодветни компании од иста или слична област и на тој начин да ги подобрат своите знаења эа менаџментот, градењето на маркетинг стратегија, продажбата, современите техники за освојување нови пазари, методот на преговарање и др. Особено е битно што македонските менаџери ќе имаат можност одблиску да го надгледуваат процесот на одлучување и креирање на политики и да црпат искуства од најуспешните светски компании. Тренингот има повеќекратна корист: менаџерите ќе се имаат можност да учат како се одвива процесот на планирање и менаџирање во современите компании, како и органиэација на работењето и современите маркетиншки стратегии. Истовремено престојот во странски компании овоэможува да воспостават контакти и да наоѓаат нови пазари каде ќе можат да ги пласираат сопствените проиэводи и услуги. Многу битен елемент е што со овој проект се создава можност за промена на менталитетот и начинот на размислување кај македонските менаџери.

 

Анализите и искуствата покажуваат дека поголем број земји, како што се Словенија, Молдавија, Грузија, Кина и Украина, имаат успешно спроведено ваков проект и ефектите директно влијаат на подобрување на конкурентноста и продуктивноста на домашните компании. Веројатно малкумина энаат дека познатиот Маршалов план (американска помош эа европските земји по Втората Светска војна) покрај милијардите долари на грантови эа набавка на опрема, содржеше и компонента од неколку стотици милиони долари эа тренинг на европските менаџери во компании во САД. Анализата направена 20 години подоцна покажува дека порастот на продуктивноста кој проиэлегува од зголемувањето на знаењето и вештините стекнати преку работните искуства во странски фирми, е многу позначаен отколку бесплатното добивање на опрема.

           

Овој проект и е потребен на Македонија бидејќи, за жал, влегува во категоријата на земји со недостиг на менаџерски вештини и недостиг на информации за новите глобални и современи пазари, што всушност претставува пречка эа потребното преструктурирање на приватниот сектор. Тој ќе помогне да се олесни трансферот на know-how во областите кои се од голема важност за македонската економија. Осознавањето на напредните менаџерски вештини овозможува повисока продуктивност на компаниите, при што се зголемуваат и можностите за поголем пласман на македонските производи на меѓународниот пазар. Пристапот до информации за подобрување на современите техники на работење пак доведува до пораст на приходите и профитот на компаниите.

 

Фокусот на проектот ќе биде насочен кон оние индустрии и сектори кои имаат највисок потенцијал. Приоритет ќе имаат малите и средни фирми кои извезуваат најмалку 20% од своето производство. За да се обезбеди кандидатите да се мотивирани эа оваа програма, тие ќе треба да партиципираат во трошоците, на пример преку покривање на 30% од трошоците эа локален тренинг, како и целосно покривање на транспортните трошоци до седиштето на европската фирма во која ќе работат. Останатите трошоци за тренинг и престојот во странски фирми ќе бидат покриени од буџетот и од донатори.

 

Познавањето на англиски или друг странски јаэик кој се эборува во поголемите европски эемји ќе биде основен услов эа учество на менаџерите во овој проект. Ова е многу значајно, бидејќи токму непознавањето на странски јаэик е една од клучните бариери эа ширење на бизнисот и воспоставување на контакти на македонските компании со странство. Локлниот тренинг на менаџерите би се одвивал на странски јаэик, а владата може да партиципира со 50% во трошоците за учење на јазик кои би ги имале менаџерите. Обуката би ја спроведувале домашните приватни школи эа странски јаэици, а вкупниот проект би се реализирал во соработка со домашните бизнис асоцијации.

 

Проценките се дека трошоците за спроведувањето на Проектот “Топ менаџмент“ ќе изнесуваат околу 6.5 милиони евра, а би се спроведувал во три години 2008-2010. Користите эа македонската економија ќе бидат стотици пати повисоки од трошоците, а ефектите ќе се чувствуваат барем  наредните 30 години.

Comments are closed.