Управата за имотно-правни работи е орган во состав на Министерството за финансии без својство на правно лице.
ПОСТАПКА ПО ЗАКОНОТ ЗА ПРИВАТИЗАЦИЈА И ЗАКУП НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ
(„Службен весник на РМ” бр.4/05, 13/07, 165/08, 146/09 18/11, 51/11, 27/14 и 144/14)
Постапката за приватизација на градежно земјиште се покренува по барање на корисникот на градежното земјиште (барање за приватизација).
Барањето за приватизација се поднесува до органот на државната управа надлежен за имотно-правните работи на подрачјето каде што се наоѓа градежното земјиште што е предмет на приватизација.
Барањето треба да ги содржи:
- Основата на правото што се бара: (приватизација без обврска за плаќање надомест, односно приватизација со обврска за плаќање надомест) и
- Начин на плаќање на надомест.
Кон барањето се приложуваат:
- доказ за идентификација на барателот, односно лицата кои се негови наследници според прописите за наследување (фотокопија од лична карта или патна исправа за физички лица), односно извод од соодветниот регистар за правни лица,
- правната основа, односно актот врз основа на кој е стекнато правото на користење на градежното земјиште на кое се однесува барањето за приватизација (закон, тапија, пресуда, договор, решение, одлука на надлежен државен орган и друго),
- податоци за градежното земјиште од соодветната јавна книга и тоа: имотен лист од катастарот на недвижностите или поседовен лист од катастарот на земјиштето.
Барателот за приватизација во текот на постапката по барање на органот кој одлучува по барањето за приватизација приложува геодетски елаборат за нумерички податоци за градежна парцела.
Барањето за приватизација и прилозите се доставуваат во два примерока, од кои едното барање во оригинал, а второто барање во со прилозите во фотокопија, а обрасци се издаваат во одделението за управна постапка каде што се поднесува барањето.
Во зависност од основот по кој е стекнато правото на користење корисниците можат да ги поднесат следните барања:
- Барање за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост на кое постои право на користење на физички лица стекнато со надомест (образец бр.1)
- Барање за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост на кое постои право на користење на физички лица стекнато без платен надомест (образец бр.2)
- Барање за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост на кое постои право на користење на физички лица стекнато по основ на поранешна сопственост (образец бр.3)
- Барање за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост на кое постои право на користење на правни лица стекнато со надомест (образец бр.4)
- Барање за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост на кое постои право на користење на правни лица стекнато без платен надомест (образец бр.5)
По барањето за приватизација, органот кој решава по барањето (одделението за управна постапка) прибавува по службена должност:
- Копија од катастарски план,
- Уверение за историски преглед на извршените запишувања во катастарот на недвижности за земјиштето предмет на приватизација и
- Извод од урбанистички план од општината каде се наоѓа земјиштето предмет на приватизација.
Закон за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост
Управата за имотно правни работи e организациски поделена на два сектори.
Секторот за нормативно имотно-правни и облигациони работи ги уредува имотно-правните односи (изготвување и предлагање на законски прописи и подзаконски акти), кога една од страните е државата (експропријација, приватизација на градежно земјиште).
Секторот за нормативно имотно-правни и облигациони работи се произнесува со мислења кога се во прашање сопственичките и другите имотно-правни односи, а се предмет на интерес на Владата и другите државни органи и единиците на локалната самоуправа, како и врши евиденција на недвижните ствари кои државните органи престанале да ги користат и евиденција за потребите од користење на недвижни стари на државните органи согласно:
- Закон за користење и располагање со стварите што ги користат и располагаат државните органи („Службен весник на РМ” бр.8/05, 150/07 и 35/11).
Клучни контакти
Валентина Димитровска
телефон: 02/3255-676, факс: 02/3255-722
е-пошта: valentina.dimitrovska@finance.gov.mk
Секторот за управна постапка ги врши работите што се однесуваат на координирање на работите и задачите со подрачните одделенија за управна постапка од имотно-правните работи, надзор над примената на прописите во управна постапка, доставување насоки и упатства за еднаква примена на прописите во подрачните одделенија, како и следење на работата на подрачните одделенија за спроведување на првостепената постапка.
При водењето на првостепените управни постапки се применуваат следниве закони:
- Закон за експропријација (“Службен весник на РМ” бр.95/12, 131/12, 24/13 и 27/14)
- Закон за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост („Службен весник на РМ” бр.4/05, 13/07, 165/08, 146/09, 18/11, 51/11, 27/14 и 144/14)
Од друга страна, подрачните одделенија за управна постапка ги вршат работите што се однесуваат на водењето на првостепена управна постапка од областа на експропријација и приватизација на градежно земјиште во државна сопственост.
Клучни контакти
Нада Маневска
телефон: 02/3255-683, факс: 02/3255-722
е-пошта: nada.manevska@finance.gov.m
Во рамките на секторот функционираат 34 одделенија за управна постапка:
- Берово, ул.”Димитар Влахов” бр.10, телефон: 033/470-698
- Битола, ул.”Димитар Илиевски Мурато”бр.24б, телефон: 047/237-080, 047/237-070
- Валандово, ул.”4 Јули” бб, телефон: 034/382-285, 034/383-020
- Велес, ул.”Панко Брашнар” бр.1, телефон: 043/232-569 043/222-096 043/211-332
- Виница, ул.”Бел Камен” бр.13, телефон: 033/363-287
- Гевгелија, ул.”7 Ноември” бр.49, телефон: 034/215-390
- Гостивар, Бул.”Браќа Гиновски” бб, телефон: 042/217-054,
- Дебар, ул.”Вељко Влаховиќ” бб, телефон: 046/831-577
- Делчево, Бул.”Македонија” бб, телефон: 033/412-142
- Демир Хисар, ул.“Битолска“ бб, телефон: 047/275-911
- Кавадарци, ул.”Маршал Тито” бб (зграда на Општината), телефон:043/418-836
- Кичево, ул.”Борис Кидриќ” бр.1, телефон: 045/220-263
- Кочани, ул.”Раде Кратовче” бр.1, телефон: 033/274-140 033/271-055
- Кратово, плоштад “Павел Шатев” бб, телефон: 031/481-469
- Крива Паланка, ул”Свети Јоаким Осоговски”бр.175, телефон: 031/375-008
- Крушево, ул.”Никола Ѓуровиќ” бб, телефон: 048/477-090 048/477-024
- Куманово, ул.”Гоце Делчев” бб, телефон: 031/426-423
- Македонски Брод, ул.”Маршал Тито” бб, телефон: 045/275-791
- Неготино, ул.”Ацо Аџи Илов” бб, телефон: 043/371-160 043/363-019
- Охрид, ул.”Димитар Влахов” бб, телефон: 046/266-569 046/264-830
- Прилеп, ул.”Питу Гули” бр.2, телефон: 048/425-553
- Пробиштип, ул.”Јаким Стојковски” бр.3, телефон: 032/484-489
- Радовиш, Бул.”Александар Македонски” бб, телефон: 032/635-067
- Ресен, ул.”Борис Кидриќ” бб, телефон: 047/451-844, 047/454-895
- Свети Николе, Плоштад “Илинден” бб, телефон: 032/440-905, 032/440-717
- Струга, ул.”Димче Ковачевски” бр.2, телефон: 046/782-268
- Струмица, ул.”Ленинова” бб, телефон: 034/321-543 034/345-352
- Тетово, ул. “Дервиш Цара” бб, телефон: 044/340-375
- Штип, ул.”Васил Главинов” бб,телефон: 032/386-776 032/385-664
- Гази Баба – Скопје, ул.”Архимедова” бр.2, телефон: 02/3 134-605, 02/3211-852
- Карпош – Скопје, ул.“Никола Русински“ бб, зграда 1, влез 1, кат 1 телефон: 02/3 073-397, 02/3 062-282
- Кисела Вода – Скопје, ул.”Борис Трајковски” бб, телефон: 02/2 779-064
- Центар – Скопје, ул. „Даме Груев“ бр.14”, телефон: 02/3 211-420
- Чаир – Скопје, ул.”Бутелска” бр.4, тел: 02/3 211-029 02/2621-485.
ПОСТАПКА ЗА ЕКСПРОПРИЈАЦИЈА
Закон за експропријација („Службен весник на РМ” бр.95/12, 131/12, 24/13 и 27/14)
Закон за изменување и дополнување на Законот за експропријација („Службен весник на РМ“ бр.131/12)
- Постапката за експропријација е единствената двострана контрадикторна управна постапка, во која странките се рамноправни.
- Тоа е постапка за која мора да се одржи јавна усна расправа и на која како учесници во постапката мора да се присутни сопственикот на недвижноста од една страна и неговиот противник-предлагачот на експропријација од друга страна.
- Предлагачи на експропријацијата се Република Македонија преку Државниот правобранител на Република Македонија кога треба да се реализира јавен интерес од значење за Република Македонија или единиците на локалната самоуправа, односно Градот Скопје, кога треба да се реализира јавен интерес од локално значење.
- Предлагач на непотполна експропријација (право на службеност и други ограничувања на правото на сопственост) е инвеститорот на линиска инфраструктурна градба. Со предлогот за експропријација се поднесува:
- Извод од актот за планирање на просторот или одобрен проект за инфраструктура;
- Геодетски елаборат за нумерички податоци за недвижноста за која се предлага експропријација;
- понуда за видот и висината на надоместот за недвижноста за која се предлага експропријација во висина на пазарната вредност утврдена од овластен проценувач согласно Законот за процена;
- имотен лист за недвижноста за која се предлага експропријација
- имотен лист за недвижноста што се нуди како надоместок за експроприраната недвижност и
- доказ за обезбедени средства за надоместок на експроприраната недвижност (известување за планирани средства во буџетот на лицето кое раководи со буџетскиот корисник на средствата од Буџетот на Република Македонија), банкарска гаранција дека јавните претпријатија, трговските друштва и други институции основани од државата имаат обезбедено средства за надоместок, одлука на советот на единицата на локалната самоуправа за резервирани средства за експропријација во буџетот на единицата на локалната самоуправа, односно банкарска гаранција дека концесионерот односно, носителот на долготрајниот закуп и инвеститорот на линиска инфраструктурна градба има обезбедено средства за надоместок.
- Предлагач на непотполна експропријација (право на службеност и други ограничувања на правото на сопственост) е инвеститорот на линиска инфраструктурна градба. Со предлогот за експропријација се поднесува:
- Органот за експропријација (Управата за имотно-правни работи) е орган кој донесува решенија за експропријација врз основа на спроведена постапка во подрачните одделенија за управна постапка, по предлог на овластен предлагач, при што согласно со Законот за експропријација има неутрална улога.
- Органот за експропријација нема законска можност да влијае на волјата на сопствениците (да ги натера) да го прифатат видот и висината на понудениот надомест од страна на предлагачот на експропријацијата.
- Вршењето на притисок од страна на органот за експропријација на било кој учесник во постапката (сопственикот или предлагачот) за да постапува во одредена смисла е незаконско и претставува злоупотреба на службената положба и овластувања.
- Исто така пред Управата за имотно-правни работи, по барање на странките се води и управна постапка за поништување на правосилно решение за експропријација.
- По барање на поранешниот сопственик ќе се поништи правосилното решение за експропријација во целост или делумно, ако во рок од десет години не е реализирана целта за која е извршена експропријација за градење на објекти, односно изведување на работи од значење за Република Македонија, односно 6 години за градење на објекти и изведување на работи од локално значење.
- Барањето за поништување на правосилното решение за експропријација по тој основ се поднесува по истекот на рокот од 10 години, односно 6 години, но најдоцна до 15 години од денот на правосилноста на решението за експропријација.
- Во постапката за експропријација и постапката за поништување на решението за експропријација покрај одредбите од Законот за експропријација, супсидијарно се применуваат и одредбите на Законот за општата управна постапка.