Управата за јавни приходи (УЈП) ќе го продолжи тековниот проект за модернизација најмалку уште една година со акцент на зголемување на процентот на електронското усогласување со малите и средни фирми, примена на стратегијата за присилна наплата, воведување бонус систем за вработените и отворање даночна академија.
 
Тоа го најави денеска директорот на УЈП Горан Трајковски во присуство на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и холандската амабасадорка Симоне Филипини, чија матична држава во изминатите четири години инвестираше четири милиони долари во реформите во УЈП.
 
– Двесете и триесетте најголеми даночни обврзници во Македонија целосно се електронски усогласени со УЈП, а малиот процент што сега го имаме кај малите и средни претпријатија кој се движи од четири до пет проценти, без интегрираната наплата, сакаме во првите шест месеци со сите законски измени донесени во текот на годинава а кои ќе се имплементираат од 1 јануари следната година да се пофалиме со бројка од 20 проценти електронски услуги, рече Трајковски. Доколку ја оставри таа цел, како што најави, УЈП ќе побара од Министерството за финансии да спроведен цел пакет законски измени кои ќе овозможат даночните евиденции да бидат исклучиво во електронска форма.
 
Според Трајковски, таргет за следната година е и стратегијата за присилна наплата пред се поради новите надлежности кои ги доби на крајот на годинава УЈП за постапување по сите предмети на државното правобрантиелство, особено имајќи предвид дека од почетокот на следната година ќе ја администраираат и наплатата на радиодифузната такса.
 
УЈП ќе воведе и бонус систем за наградување на вработените кои преку меѓусебен натпревар покрај основната плата зависно од сработеното ќе бидат соодветно наградени. Проектот за реформи, Управата, посочи Трајковски, треба да го круниса со формирање сопствен тренинг центар во вид на даночна академија која би била од регионален карактер.
 
Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, УЈП во изминатите четири години со помиш на холандската Влада се модернизирала и постигнала одлични резултати. Доказ за тоа, како што наведе, се зголемениот број регистрирани даночни обврзници за 16 проценти, зголемената наплата на даноците иако во меѓувреме беше намалена стапката на сите даноци.
 
– Во периодот јануари-ноември годинава вкупно во Буџетот врз основа на даночни приходи се собрани околу 60 милијарди денари односно за 3 проценти повеќе отколку наплатените даноци во истиот период лани, а за цели 23 проценти повеќе отколку во истиот период во 2006 година. Кај ДДВ овие бројки се уште поизразени во првите 11 месеци од годинава по основ на ДДВ се собрани 34 милијарди денари што е за 8 проценти повеќе отколку во истиот пероод отколку во 2009 година, а за цели 40 проценти повеќе отколку во 2006 година, информира Ставерски.
 
ДДВ, додаде тој, е најпрепрезенативен данок и во тој дел тоа покажува оти УЈП одлично си ја врши работата, а како резултат на тоа даночните обврзници се почесто си ги исполнуават обврските кон државата.
 
Резултатите од реформите во УЈП, посочи Ставрески, се поткрепени и со високиот степен на задолство од работата на УЈП искажан во анкетите спроведени меѓу даночните обврзници. Тие во Управата имат партнер кој им овозможува на многу подобар начин да ги вршат обврските бидејќи имаат на располагање квалитетен тим кој им излегува во пресрет, рече Ставерски и додаде дека верификација на резулатите на УЈП има и од меѓународните финансиски организации. Македонија во најреперезентативната анализа за условите за плаќање даноци на Дуинг бизнис на Светска банка се наоѓа на 5. место во светот, посочи Ставерски. Тој информира дека буџетски приходи во однос на проекциите се на ниво на планираното со ребалансот.
 
– Очекуваме годината да ја завршиме приближно до нивото кое е предивидено со ребалансот што е сосема задоволително имајќи ги предвид општите околности во Европа и светот, рече вицепремиерот.
 
Амбасадорката Филипини оцени дека реформите во УЈП придонеле за намалување на трошоците за усогласување за даночните обврзници, помали административни трошоци за Владата и за приближување на даночните услуги до даночните обврски. Најважно постигнување според неа е инвестирањето во кадровските ресурси на УЈП. Постигнат е комплетен пресврт во менталните размислувања на даночните службеници, кои станаа попрофесионални и имаат многу поголеми знаења за сите процедури и даночни проблеми, смета амбасадорката.
 
Одговарајќи на новинарски прашања за случајот со истрагата за фирмите на ул „Перо Наков“ б.б директорот на УЈП рече оти останува на ставот дека до крајот на месецов Управата ќе излезе со детални согледувања и ќе ја запознае јавноста со случувањата. Останувам на тоа дека сме на добар пат задоволни сме од квалитетот на материјалите. Се работи за многу фирми и долг период и овој период што го нудиме дека до крајот на месецов ќе излеземе со информација е навистина амбициозен, рече Трајковски.(МИА)