Министерството за финансии објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за прибирање понуди за склучување нефинансиски договор за наплата на
административна такса со платежна картичка преку инсталирање виртуелен
ПОС терминал
1. Се повикуваат деловните банки во Република Македонија да поднесат понуда за
склучување нефинансиски договор за поставување виртуелен ПОС терминал за
наплата на административна такса со платежна картичка.
2. Виртуелниот ПОС терминал ќе се користи исклучиво за наплата на
административните такси за управни работи и постапки кои се водат пред
Министерството за финансии.
3. Понуда за учество може да поднесе секоја банка со дозвола за основање и работење,
издадена од гувернерот на Народна банка на Република Македонија и која е
сертифицирана за плаќање преку интернет (електронска трговија).
4. Деловната банка треба да постави виртуелен ПОС терминал на веб порталот на
Министерството за финансии e-naplata.finance.gov.mk и на електронскиот наплатен
систем еНАПСИС (www.e-plakanje.gov.mk), за електронско плаќање
административна такса. Виртуелниот терминал треба да ги поддржува најмалку
сите видови картички MasterCard и VISA.
5. Понудата треба да содржи податоци за деловната банка, односно име (назив) на
банката и седиште (адреса). Кон понудата, понудувачите треба да ја приложат
следната документација, која претставува услов за склучување договор со
најповолниот понудувач:
– дозвола за основање и работење на банката, издадена од гувернерот на Народна
банка на Република Македонија;
– документ за регистрација издаден од Централниот регистар на Република
Македонија;
– листа на правни лица во кои банката веќе има имплементирано соодветен систем за
наплата со платежна картичка преку виртуелен ПОС терминал;
– изјава за поседување на техничката опременост и оспособеност за имплементација
на системот, како и дополнителни мерки за осигурување квалитет на услугата со
обезбедена 24-часовна техничка поддршка; и
– изјава за ангажиран технички персонал за имплементација на системот, без оглед на
тоа дали тој персонал е вработен во банката.
Контакт лицa на кои можете да им поставувате прашања и да побарате појаснување во врска со изготвувањето на понудата:
Бобан Стојаноски, тел.3255-549, mail: boban.stojanoski@finance.gov.mk
Даниела Јанкова, тел.3255-618, mail: daniela.jankova@finance.gov.mk
6. Наплатата на административната такса со платежна картичка преку виртуелен
ПОС терминал треба да се реализира на следниот начин:
6.1. Техника на спроведување на наплатата
Наплатата ќе се извршува преку веб порталот на Министерство за финансии и
Електронскиот наплатен систем еНАПСИС.
– Трансакцијата започнува во модулот за избор на услуги на enaplata.
finance.gov.mk каде корисникот ја селектира бараната услуга и го одбира
електронското плаќање (ја формира потрошувачката кошничка).
– Преку кодот за пренасочување (кој го обезбедува деловната банка), на безбеден
начин и невидливо за клиентите, се пренесуваат следните податоци:
· вкупната вредност на селектираните услуги (потрошувачката кошничка)
· валутата на плаќање (во денари)
· детали за плаќањето – 1 (име на корисникот, услугите за коишто уплатил
средства, итн.)
· детали за плаќањето – 2 (единствен идентификатор на трансакцијата во
системот на Министерството)
· назив на трговецот – во случајов Министерство за финансии
· дел од модулот на кој се праќа повратна информација за успешноста на
трансакцијата.
Деловната банка, плаќањата по извршените уплати од страна на физичките и правните
лица ќе ги пренесува на соодветна уплатна сметка за административни такси во рамки
на трезорската сметка, во временски рок утврден во времетраење на трансакцијата.
Начин на известување
За добивање на податоците за уплатите преку виртуелниот ПОС терминал, за
аналитички потреби на Министерството, деловната банка ќе треба да воспостави
интернет сервис преку кој ќе се добиваат податоците за поединечните уплати од
виртуелниот ПОС терминал, кои опфаќаат:
· датум на уплатата
· број на трансакција
· износ на уплатата
· место на уплатата (преку единствен идентификатор на виртуелниот ПОС
терминал)
· износ на платена провизија
· износ на уплатени административни такси пренесен од привремената сметка
на уплатната сметка за административните такси.
6.2. Времетраење на трансакција
Максималното времетраење на трансакцијата од сметката на носителот на
трансакцијата до уплатната сметка за административни такси во рамки на трезорската
сметка изнесува 24 часа сметано од 14 часот од денот на уплатата преку виртуелниот
ПОС терминал, не сметајќи ги неработните денови.
7. Критериум за доделување на договорот е најниска цена, односно за најповолен
понудувач ќе биде избран понудувачот која ќе понуди најнизок износ на провизија од
извршена трансакција, изразен во процент.
Најниска провизија која банката може да ја наплати е 20 денари од извршена
трансакција, што значи дека процентуалниот износ на провизијата од извршената
трансакција банката ќе ја пресметува во случај кога износот на процентот на
провизијата е повисок од износот на утврдената фиксна провизија.
8. Понудата и наведената документација од точка 4 треба да се достави до
Министерството за финансии, преку пошта или лично во писарницата на
Министерството за финансии, на ул. „Даме Груев“ бр. 12, 1000 Скопје, во затворен
плик со назнака „Не отворај“, најдоцна до 2.7.2015 година до 16.30 часот.
Јавниот повик е објавен на веб страницата на Министерството за финансии и можете
да го преземете од следниот линк http://www.finance.gov.mk/.
9. Понудите кои нема да се достават во предвидениот рок нема да бидат предмет на
разгледување и евалуација. Евалуацијата на понудите и изборот на најповолен
понудувач ќе го изврши Министерството за финансии.
10. Договорот и придружната документација, Министерството за финансии ќе ги
достави до избраната банка во рок од седум работни дена од извршениот избор.
МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ
Врз основа на објавениот Јавен повик за прибирање понуди за склучување
нефинансиски договор за наплата на административна такса со платежна картичка
преку инсталирање виртуелен ПОС терминал, ја поднесуваме следнава:
П О Н У Д А
Дел I – Информации за понудувачот
I.1. Име на понудувачот: ___________________________________________________
I.2. Контакт информации
– Адреса: _____________________________________________________________
– Телефон: ___________________________________________________________
– Факс: ______________________________________________________________
– Е-пошта: ___________________________________________________________
– Лице за контакт: ____________________________________________________
I.3. Овластено лице: _______________________________________________________
I.4. Даночен број: __________________________________________________________
I.5. Матичен број: __________________________________________________________
Дел II
II.Понудената провизија од извршена трансакција, вклучувајќи ги сите трошоци и
попусти, изразена во процент, изнесува: _____________________________ [со бројки]
(________________________________________________________) [со букви] .
Напомена: Најниска провизија која банката може да ја наплати е 20 денари од
извршена трансакција, што значи дека процентуалниот износ на провизијата од
извршената трансакција банката ќе ја пресметува во случај кога понудениот износ на
процент на провизијата е повисок од износот на утврдената фиксна провизија.
II.1. Го прифаќаме начинот на вршење на наплатата на административната такса,
начинот на известувањето за извршените уплати и времетраењето на трансакцијата,
утврдени во јавниот повик.
II.2. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во
јавниот повик.
II.3 Кон понудата ги доставуваме следниве документи:
– дозвола за основање и работење на банката, издадена од гувернерот на Народна
банка на Република Македонија;
– документ за регистрација издаден од Централниот регистар на Република
Македонија;
– листа на правни лица во кои банката веќе има имплементирано соодветен систем за
наплата со платежна картичка преку виртуелен ПОС терминал;
– изјава за поседување на техничката опременост и оспособеност за имплементација
на системот, како и дополнителни мерки за осигурување квалитет на услугата со
обезбедена 24-часовна техничка поддршка; и
– изјава за ангажиран технички персонал за имплементација на системот без оглед на
тоа дали персоналот е вработен во банката.
Место и датум
___________________________
Овластено лице
___________________________
(потпис и печат)