Вести|

28 ноември 2020, Скопје – Спроведување на стратегијата за економско заздравување и забрзан раст – SmartER growth, даночна стратегија, но и продлабочување на соработката во делот на СДИ, беа теми на разговор  помеѓу министерот за финансии, Фатмир Бесими и амбасадорот на Австрија во Република Северна Македонија, Георг Вуцас.

– Главна цел ни е спроведување на моделот за економски раст којшто ќе поддржи остварување  двојно повисок раст во однос на претходните десет години, 4,1 проценти раст на БДП во 2021, 4,6 проценти раст во 2022 и 5,9 проценти раст во 2025 година. Ова ќе се овозможи преку спроведување на Стратегијата за економско заздравување –  SmartER growth, којашто се темели на четири главни столбови: економско заздравување од Ковид-19, забрзан инклузивен и одржлив економски раст, зајакнување на конкурентноста на приватниот сектор и развој на човечките ресурси  – истакна министерот Бесими.

Тој посочи дека ќе се врши и постепена фискална консолидација со која буџетскиот дефицит веќе следната година ќе се намали за 3,6 процентни поени. 

На средбата беше потврдена поддршката на Австрија за европските интерграции на РС Македонија.

Оваа вест е достапна и на: Albanian

Comments are closed.