Вести|

1 јуни 2021, Скопје – Обезбедени се нови 180 милиони евра финансиска поддршка за надминување на кризата предизвикана од коронавирусот, од кои 80 милиони евра се од ЕУ и наменети како фискален стимул за стопанството и граѓаните, а 100 милиони евра се од ЕИБ за евтини кредити за мали и средни претпријатија.

Денес е префрлена втората транша во износ од 80 милиони евра, од вкупно 160 милиони евра макрофинансиска помош од Европската Унија за надминување на кризата предизвикана од коронавирусот.

Исто така, денес Собранието го усвои законот за нови 100 милиони евра од Европската инвестициска банка за евтини кредити за мали и средни претпријатија, коишто ќе се пласираат преку деловните банки.

– Корпоративниот сектор има потреба од поддршка поради проблеми со ликвидноста и солвентноста во време на криза, особено кај контакт интензивните индустрии. Новите финансиски средства треба да се донесат до инвеститорите преку различни механизми. На тој начин ќе се постигне повеќекратен позитивен ефект за економијата. Неопходно е да се продолжи со поддршка на фирмите за да може да продолжи заздравувањето на економијата – истакна Бесими во колумната „Фискален стимул за заздравување, забрзан економски раст и фискална консолидација“.

Во текот на овој месец треба да се потпише и финансискиот договор со ЕИБ за ставање во функција на овие 100 милиони евра евтини кредити наменети за финансирање мали и средни претпријатија.

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *