Вести|

15 јули 2021, Скопје – Пониска цена за електричната енергија и пониски трошоци за домаќинствата е целта на измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност на Министерството за финансии, усвоен денеска од Собранието на РС Македонија.

Според усвоените измени и дополнувања на Законот за данокот на додадена вредност, даночната стапка за прометот на електричната енергија кон домаќинствата се намалува од 18 на 5 проценти. Намалената стапка согласно законското решение ќе се применува од денот на влегување во сила на Законот за измена и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност па сѐ до 30 јуни 2022 година. По овој датум наредната година, односно од 1 јули 2022 до 30 јуни 2023 година ќе се применува повластена даночна стапка од 10 проценти за прометот на електричната енергија кон домаќинствата.

Целта на воведувањето повластена даночна стапка за промет на електрична енергија кон домаќинствата е да се овозможи пониска цена за граѓаните и намалување на нивните трошоци.

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *