Вести|

17 февруари 2023, Скопје – Следната аукција за деветтата еврообврзница на РС Македонија ќе биде во износ од 600 милиони евра. Инвеститорите коишто претходно наддаваа за неа се заинтересирани повторно да се пријават на аукцијата којашто ќе се реализира веднаш по изборот на новиот министер за правда. Постапката за повторување на аукцијата, од правен аспект, е во интерес и на инвеститорите, додека тврдењата што излегоа во јавноста дека ќе се плаќаат некакви пенали кон нив се невистинити. Ова го посочи министерот за финансии, Фатмир Бесими, во интервју за првата програма на националниот сервис МТВ.

Објаснувајќи го одлагањето на издавањето на еврообврзницата, министерот нагласи дека мислењето од министерот за правда не можело да се побара порано бидејќи, во согласност со процедурата, од аукцијата на еврообврзницата до порамнувањето, односно издавањето на еврообврзницата, треба да поминат 5 работни дена. Тој наведе дека постојано биле во контакт со институциите, агентите и инвеститорите, па од аспект на запазување на процедурата најоптимална одлука е повторување на аукцијата.

„Имаме одличен банкарски конзорциум, којшто веќе 20 години нè поддржува на финансиските пазари. Бевме во комуникација со инвеститорите, тие беа информирани, информиравме и на платформата Блумберг и веднаш излеговме со соопштение за јавноста. Во ваква ситуација, најдобро за инвеститорите е да се повтори аукцијата, отколку да се остави правен вакуум дали важи тоа мислење или не. Доколку се издаде неважечки документ тоа би претставувало поголема штета, а тоа инвеститорите го разбираат и го ценат“, вели Бесими.

Министерот посочува дека на претходната аукција главно се пријавиле инвеститори коишто и досега поседувале наши еврообврзници и истите се и понатаму заинтересирани за запишување на деветтата еврообврзница, па оттаму се очекува и следната аукција да биде успешна. Во врска со каматата истакна дека не би шпекулирал бидејќи тоа зависи од меѓународните пазари.

„Слушнав одредени коментари дека еврообврзницата се тргувала на секундарниот пазар. Тоа не е точно, бидејќи таа воопшто не била издадена, односно инвеститорите не ја поседувале за да ја тргуваат“, вели Бесими и ги побива гласините дека на инвеститорите треба да им се исплатат пенали.

Со средствата од еврообврзницата ќе се финансира еврообврзицата издадена во 2016 година, којашто доспева во јули, што значи дека има доволно време за да се заврши процесот на нејзино издавање.

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *