Вести|

29 септември 2023, Скопје – Предлог-одлуката за распределување на средства помеѓу буџетските корисници е одлука за реалокација на средства за исплата на зголемените плати на вработените во јавниот сектор, почнувајќи од овој месец, нешто што е договорено со синдикатите, потоа за исплата на зголемените пензии за 6% почнувајќи од октомвриската пензија, согласно утврдената методологија, но и за исплата на средства за социјални права, повеќе средства за земјоделски субвенции, за набавка на лекот „Трикафта“ за 55 пациенти и набавка на мерачи за лицата со дијабет.Ова денеска го посочи министерот за финансии Фатмир Бесими на пленарната седница во Собранието, кадешто започна расправата по дополнетата Предлог-одлука за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници, која содржи и 8 амаднмани кои беа прифатени во рамки на комисиската расправа.

„Вредноста на оваа реалокација е околу 300 милиони евра, и таа се прави без притоа да се зголеми дефицитот, а сепак се обезбедуваат средства за сите предвидени трошоци “, истакна министерот Бесими и додаде дека оваа прераспределба е направена од ставки каде што има помала динамика на реализација, но и со заштеди и со зголемени приходи од придонеси.

За исплата на зголемените плати во октомври, ноември и декември за сите вработени во јавната администрација се обезбедени 4,25 милијарди денари, за зголемените пензиите за 6% 3,5 милијарди денари, 1,8 милијарди денари за поддршка на домашните и странските компании, 800 милиони денари за субвенции, 600 милиони денари за исплата на социјални права за гарантираната минимална помош, 290 милиони денари за зголемениот износ на студентскиот оброк и стипендиите за учениците и студентите, 260 милиони евра за преводпечатење и откуп на учебници за основно и средно образование, 110 милиони денари за справување со Африканската чума, 100 милиони денари за набавка на лекот „Трикафта“ за 55 пациенти, како и 20 милиони денари за дигитални сензори за следење на шеќерната болест.

„Гарантираме дека во текот на оваа година Буџетот ќе биде ликвиден и дека ќе се сервисираат обврските за исплата на плати, пензии и други обврски, а притоа ќе има и средства за справување со предизвиците од кризата“, рече министерот Бесими.

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *