14 ноември 2023, Скопје – Владата на РС Македонија води конзистентни политики на воспоставување тренд на одржливи финансии и здрави основи за раст на среден рок, а таквите политики и даваат можност на земјата и Владата избор на инструменти за финансирање на политиките со поповолни средства, наместо скапи средства на меѓународните финансиски пазари. Тоа беше препознаено од Меѓународниот монетарен фонд минатата година и овозможи пристап на земјата до поволни средства од ПЛЛ програмата.
Ова го истакна министерот за финансии Фатмир Бесими на заедничка прес-конференција со шефот на Мисијата на ММФ Жак Миниан, по завршување на скринингот на економските и монетарните политики во земјата согласно ПЛЛ програмата и редовната мисија на ММФ за член 4.
„Во услови на ковид-криза, енергетска, инфлаторна и геостратешки војни и други предизвици бевме исправени пред предизвик да направиме избор на начини на финансирање на растот, на антикризните мерки, на справување со шокот. Имавме можност да одиме на меѓународните пазари што ќе чинеше многу повеќе за нас и идните генерации, но ние имавме избор и пристапивме кон Меѓународниот монетарен фонд со цел да го подобриме нашиот кредитен рејтинг и да создадеме услови за одржување на макроекономска стабилност и здрави основи за економски раст“,рече министерот Бесими и додаде дека ваквиот избор прави заштеди од 30 милиони годишно или на 10 години, време на доспевање на овие заеми, од 300 милиони евра
Според министерот доброто управување со јавните финансии не само што беше препознаено од ММФ, туку таквото управување остава простор и за реализација на многу проекти во здравството, образованието, инфраструктурата.
„Она што е важно дека после оваа Мисија спроведена од страна на ММФ, СР Македонија доби потврда за политиките што ги спроведува и кои се во насока на намалување на буџетскиот дефицит и создавање основа за раст на среден рок и можност за пристап до нови 200 милиони евра во рамки на ПЛЛ програмата“, наведе Бесими.
На прес-конференцијата беше истакнато дека фискалната политика што ја води Владата е добра и дека оди во вистинска насока. Растот се очекува да забрза следната година, а инфлацијата да се намали.