Вести|

18 декември 2024, Скопје – „Финансиско управување, контрола и сметководство, известување, информации и комуникации“ беше тема на најновата обука организирана од Академијата за јавни финансии при Министерството за финансии.

Обуката беше наменета за вработените во органите на државната управа, кои се активно вклучени во процесите на финансиско управување, контрола и сметководство. Целта беше да се обезбеди практично знаење и вештини, што ќе им овозможи на учесниците да ја подобрат својата професионална ефикасност и на тој начин да придонесат кон поголема транспарентност и отчетност во работењето на органите на државната управа.

Обуката ја водеа сертифицирани обучувачи вработени во Министерството за финансии.

Министерството за финансии преку Академијата за јавни финансии има за цел да обезбеди континуирана едукација, воведување иновативни пристапи во управувањето и поттикнување култура на извонредност во институциите од јавниот сектор. Овие активности се од суштинско значење за економскиот развој на земјата и за унапредување на квалитетот на услугите што им се обезбедуваат на граѓаните и на деловниот сектор.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *